Семинар 21.02.2024 НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ

Онлајн семинар



Цел и придобивки:
Бенефиции за вас и вашата организација:
•    Добро управуваните компании, генерално ги базираат своите оперативни планови на еден сет на плански финансиски извештаи, а секако почетно е финансиското планирање. Користењето на Excel ја забрзува и автоматизира изработката на финансиските планови. 
•    Овој тренинг објаснува напредни техники за финансиско планирање во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!
•    Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.
Клучни карактеристики на тренингот:
•    тренер кој не е човек од ИТ секторот, но со конкретно бизнис искуство (контрола и финансии);
•    работа на практични примери (финансии, продажба, трошоци);
•    фокусиран, интензивен тренинг во еден ден;
•    напредни техники во Excel.

Содржина:
На онлајн семинарот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажба, трошоци и финансии.
Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат за време на онлајн семинарот:
•    Јас сум аналитичар на продажба или одговорен за финансиите:
-    Како да ја предвидам продажбата во иднина?
-    Како да создадам во Ексел Про-Форма финансиски извештаи?
-    Како да создадам во Ексел табела со преглед на планираната продажба на компанијата?
-    Како да ги форматирам показателите?
-    Како да направам анализа на профитабилноста?
-    Анализа на стапките на раст?
-    Како се користи What-If анализа?
•    Треба да создадам Плански финансиски извештаи во ексел:
•    Како да користам Метод на Процент на продажба за подготовка
     на Про-Форма финансиски извештаи и како да се создадат такви извештаи во Ексел?
•    Употреба на TREND функцијата за предвидување на продажбата и други варијабли во Ексел;
•    Употреба на регресиона анализа во Ексел и користење на вградени регресиони алатки;
•    Користење на Тренд графикони во Ексел;
•    Користење на Скатер графикони во Ексел.

•    Како да ја анализирам продажбата и финансиските потреби на компанијата:
•    Како да ја предвидам и следам продажбата во ексел?
•    Како да ги следам финансиските потреби во ексел?


На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите за финансиско планирање во Excel:
•    Создавање на графикони и worksheet-ови;
•    Форматирање на графикони;
•    Data Analysis ToolPak;
•    Linear Trend Extrapolation;
•    Regression Analysis ;
•    Scatter chart data;
•    Пивот табели;
•    What if анализа (data table, goal seek, scenarios, formula auditing);
•    Custom formatting;
•    Shortcuts (кратенки);
•    Tips & tricks (трикови).


За кого е наменет:
За сите оние кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа во Excel, како и за сите оние кои сакаат поефикасно да ги извршуваат своите задачи.


Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 


За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој онлине семинар можат да се пријават најдоцна до 19.2.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан