Семинар 20.03.2024 ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка

Онлајн семинар



Постапките за вршење на инспекциски надзори,основните начела на инспекциски надзор,информираноста за вашите права и обврски при спроведување на инспекциските надзори се  важен сегмент за успешно  функционирање на Вашата компанија. Улогата на инспекторите не е само вршење на надзор туку и воедно и зголемување на свесноста и информираноста на субјектите  со цел да се постигне поголемо ниво на усогласеност. Стандардизација на инспекциските постапки допринесува да се воспостави систем на инспекциски надзори кој е потранспарентен, предвидлив и одговорен. 
Семинарот има за цел, да ја подобри информираноста за вашите права и обврски кога сте предмет на инспекциски надзор.

Програма:
Модул 1
•    Права   на субјектите при спроведување  на инспекциски надзор; 
•    Обврски на субјектите при спроведување на инспекцискиот надзор; 
•    Права на инспекторот при вршење на инспекциски надзор; 
•    Овластувања , должности и одговорности на инспекторите;
•    Листи за проверка;
•    Известувања за вршење на инспекциски надзор.
Модул 2
•    Посебни дејствија во инспекциска постапка; 
•    Земање примероци;
•    Претпоставка на согласност; 
•    Трошоци за анализа;
•    Прекршочни одредби.  
Модул 3
•    Дефиниција на прекршокот и неговите суштински елементи;
•    Прекршочни санкции за физички и правни лица;
•    Глоби за физички и правни лица (определување на истата);
•    Кои субјекти може да поднесат барање за поведување прекршочна постапка до прекршочен орган.
Модул 4
•    Појаснување на работата на Комисијата за одлучување по прекршок;
•    Поведувањето и водењето на прекршочната постапка;
•    Застареност на постапката;
•    Ефикасноста на прекршочните органи;
•    Решението за опомена (и големата разлика во изрекувањето);
•    Судска заштита.

- Искуства од пракса

Предавачи:
   Д-р Ленче Максимовска, долгогодишен раководител во Државен санитарен здравствен инспекторат при Министерство за здравство на Република Северна Македонија и
-   Чедомир Стефаноски,  магистер по граѓанско право , советник за претставки и предлози во Инспекциски совет.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Краен рок за пријавуваање-18.3.2024.
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан