Семинар 27.02.2024 - 28.02.2024 КОНТРОЛА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИОНИОТ СИСТЕМ ПРЕКУ ИТ РЕВИЗИЈА

„онлајн“-семинар 09:00 - 13:00 часот



Безбедноста на информациите и воспоставување контрола е многу важно, но кога безбедноста на информациите не е загрозена може да се случи да се загрози интегритетот на податоците, односно информациониот систем да биде недостапен или несигурен. Како и во ИТ-безбедноста, пропустот може да не се забележи веднаш кога е направена штетата.

Дефинирање на ИТ-контролата, нејзината примена и соодветен третман на ИТ-ризиците можат да бидат добра основа за безбедно користење на напредните технологии, во насока на остварување на целите на компанијата. Редовна контрола на ИТ-системите и континуирано унапредување може да резултира со бенефиции од истите, што ќе се рефлектира со постигнување на посакуваните резултати преку ефикасен и ефективен начин. Од друга страна, правилното управување за безбедност, достапност и интегритет на ИТ-системите ќе го определи времето за постигнување на целта, низ навремено препознавање на информацискиот ризик и соодветна заштита.

За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 27 и 28 февруари 2024 година организира дводневен онлајн семинар на тема: КОНТРОЛА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИОНИОТ СИСТЕМ ПРЕКУ ИТ РЕВИЗИЈА.

Што добиваат учесниците?
Семинарот на учесниците ќе им овозможи да стекнат основни и напредни знаења и вештини за спроведување на контрола на информационите системи како во големите компании, така и во малите компании. Учесниците постепено ќе се запознаваат со ИТ контролите кои треба да бидат воспоставени, во насока на воспоставување на сигурно и безбедно работење на информациониот систем и соодветна подрршка на деловните процеси.

Целта на семинарот е учесниците да се стекнат со основно и напредно знаење и разбирање на ИТ ризиците и контролата која се применува за да се намали или елиминира влијанието на ризиците, како и да стекнат подобро разбирање и поголем апримена на ИТ ревизијата во Вашата компанија.

За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за раководителите и вработените во службите за управување со деловниот континуитет за вработените во ИТ-службите и во службите за безбедност на информатичкиот систем, одговорните лица за заштита на деловните информации и управување со оперативните ризици, интерни и екстерни ИТ ревизори и ревизори на деловните процеси, лица задолжени за дефинирање и имплементација на ИТ контрола, потоа лица задолжени за дефинирање и следење на ИТ ризици, во рамки на компании и над екстернализирани ИТ процеси, како и сите кои сакаат да обезбедат непречено работење н аиформациониот систем или имаат потреба да ги заштитат и зачуваат информациите за клиентите и работењето поради висок степен на одговорност, регулаторни барања и ризици во секојдневното работење.

ПРОГРАМА
Прв ден
•    Значење на контролата на информациониот систем
•    Регулаторни и законски рамки
•    ИТ стандари и рамки
•    Воспоставување на интерни контроли и методологија за работа
•    Врска помеѓу информациониот систем и деловните процеси
•    Процена на ризици и годишно планирање на ревизија на информациониот систем
•    Контрола на важните делови на информациониот систем
•    Контрола и консултанстка улога на ИТ ревизијата
•    Процес на ревизија – од подготовка до финален извештај    

Втор ден
•    Периодична проверка на реализацијата на препораките – Follow up
•    ИТ контрола на деловните процеси
•    Ревизија на екстерните партнери (outsourcing)
•    Ревизија на договорите со партнерите и клиентите
•    Контрола на усогласеност помеѓу фактичката состојба во информациониот систем со интерни и екстерни прописи
•    ИТ ревизија на деловните апликации – развој, барања, инциденти
•    Практични примери за контрола на информациониот систем
•    Улога на ревизијата во превенција и детекција на интерни и екстерни измами
•    Едукација и улога на вработените во придонесување кон примена на ИТ контрола
•    Примери од добра и лоша примена на ИТ контрола

Предавач
Лука Милинковиќ, менаџер за безбедност, управување и за ризик во компанија за развој и за дизајн на софтверски решенија. Милинковиќ има повеќегодишно искуство со контрола и со управување на електронските ризици, со специјализација во областа на дефинирањето на електронските процеси (ITIL-процеси) и на примена на самата контрола. Со информациска безбедност и со едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, како и во неколку банки во Р Србија. Има работено на развој и на примена на безбедносни методи, мрежни технологии и на алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и на меѓународни научни конференции, а член е и на електронското списание PC Press. Тој е, исто така, сертифициран внатрешен ревизор за управување со ризик ISO/IEC 27001 и ISО 31000.

Работен јазик на семинарот е српски јазик.

За сите учесници ќе биде обезбедено следново:    

  • упатства за приклучување на виртуелниот семинар;
  • работни материјали во електронска верзија;
  • eлектронски сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 23.2.2024 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан