Семинар 22.02.2024 ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈА, СОРАБОТКА И РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ПРЕКУ ЏОХАРИ ПРОЗОРЕЦОТ И МЕТОДАТА „POINTS OF YOU“

сала 4, 5-ти кат



Тимската соработка во едно претпријатие е еден од клучните фактори за раст, развој, напредок и успех. Секој вработен има уникатни таленти и вештини. Кога тие квалитети ќе бидат детектирани, ќе бидат споделени и насочени кон заедничка цел, тоа може да им даде на компаниите вистинска конкурентска предност, но и ја подобрува климата во самата организација.

Но, не сите тимови се изградени на цврста основа на доверба, лидерство и усогласеност. За да постигнеме  успех, еден од главните фактори е тимот да е кохезивен. Патот до создавање посилни и покохезивни тимови е да изградиме доверба, да научиме како да се вклучиме во продуктивен конфликт, да се посветиме на одлуките и целите, да бараме меѓусебна одговорност и да се фокусираме на постигнување колективни резултати. Оваа обука на креативен и интерактивен начин ќе овозможи да ги детектираме факторите и начините кои придонесуваат за создавање на кохезивност преку подобрување на колегијалната соработка на индивидуално но и на колективно ниво.         
Целта на обуката е да создадеме повеќе свесност кај индивидуата за нејзините постапки. Со освестување на нивните карактерни особини кои им се допаѓаат и на кој начин тие ги прават  поразлични од другите , како другите сакаат да се однесуваат кон нив, 
учесниците без разлика на нивната идеологија учат да разговараат на 
вистински начин за прашања кои ги засегаат во корпоративната средина.     

Алатки кои ќе ги применуваме во работата се картичките на интернационалната методологија Points of You™, кои се базираат на фототерапија. Знаеме дека асоцијативните процеси не создаваат отпор кај учесниците кога се работи на одредена сензитивна тема и овозможува нивно меѓусебно конектирање.


СОДРЖИНА НА ОБУКАТА: 

1. ВОВЕД ВО СОРАБОТКА И КОХЕЗИВНОСТ НА ТИМ 

-Важноста на соработката во колективот;

-Фокусирање на факторите кои влијаат на соработката и кохезивноста.

2. ЗНАЧЕЊЕТО И НАЧИНИТЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА ОД СТРАНА НА КОЛЕГИТЕ И 
    ВЛИЈАНИЕТО НА ЦЕЛИОТ КОЛЕКТИВ

3. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ФАКТОРИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА 
    КОЛЕГИТЕ, КАКО И НАЧИНИ ЗА НИВНО ПОДОБРУВАЊЕ КАКО:

-  ПРВ ВПЕЧАТОК;
-  КОМУНИКАЦИЈА;
-  ХАРИЗМА;
-  ЕМПАТИЈА;
-  ДОВЕРБА;
-  САМОДОВЕРБА.    

 4. ВЕЖБИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОСВЕСНОТА ВО ОДНОС НА 
     ИНДИВУДУАЛНАТА ПЕРЦЕПИЈА КАКО ДЕЛ ОД КОЛЕКТИВОТ.

5. МОДЕЛОТ НА ПРОЗОРЕЦОТ ЏОХАРИ

- Џохари Прозорец е алатка  со која се развива внатрешна и надворешна 
самосвест. Помага да станете свесни за тоа како другите ве гледаат за  разлика од тоа како вие се гледате себеси. Позитивниот исход е синхронизација помеѓу тоа како се гледаат себеси и како другите ги гледаат.  Постојат вредности важни за вас за кои другите не се свесни. Има и вредности што ги манефестирате , вие не сте свесни за истите додека  другите луѓе ги гледаат. Што можат да бидат извор на  конфликт. Прозорецот Џохари помага да се создаде оваа свест за овие  спротивности. Се зголемува самодовербата , се зголемува разбирањето  и прифаќање на различностите;

 - Региони на „Џохари прозорецот“;

 - Четирите самосвесни архетипови.

6. ВЕЖБИ И АЛАТКИ  ОД ОБЛАСТА НА  „ЏОХАРИ ПРОЗОРЕЦОТ“

7. ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА ПРЕКУ ДИСКУСИЈА ЗА СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ, 
    ИСКУСТВО И ПОСТИГНАТАТА САМОСВЕСНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОБУКАТА

8. ОТВАРАЊЕ НА МОЖНОСТИ ЗА ДИСЕМИНАЦИЈА И КРЕИРАЊЕ НА ПОМОШНИ 
    АЛАТКИ КОИ ЌЕ ЈА ПОДОБРАТ СОРАБОТКАТА ВО КОНКРЕТНА ФИРМА.


 ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕМИНАРОТ:
-Зголемување на самосвесноста за индивудуалната улога во колективот;
-Подобрување на кохезивноста;
-Подобрување на соработката на ниво на целиот колектив;
-Подобрување на меѓучовечките односи и работната атмосфера;
-Подобрување на квалитетот на работата во организацијата во целина итн.


 ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?:
-За сите вработени во одредено претпријатие без разлика на кое хиерархиско ниво.
-За секој еден вработен кој сака да се запознае повеќе себе како дел од претпријатието
-За сите оние кои сакаат да го подобрат функционирањето на претпријатието.


ПРЕДАВАЧИ:

-М-Р НИКОЛИНА ИВАНОСКА КОТЕВСКА - професор по психологија, Гешталт советник, кариерен советник. Професионалец со повеќе од 15 години искуство во областа на човечки ресурси, како и во повеќе центри за обука и развој со нас 100 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 900 вработени од сите хиерархиски нивоа. 

-СЛАВИЦА НОВЕСКА - Дипломиран економист во сферата на Маркетинг Менаџмент, Професионален обучувач на возрасни, сертифициран интернационален фасилитатор за методологијата Points of You ,L.2 ,Комуникатор, тренер за животни вештини, Интернационален фасилитатор за Бизнис Констелации.    

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-    работен материјал во електронска верзија; 
-     ручек и освежување; 
-    сертификат за присуство на семинарот.


Сите заинтересирани за учество на оваа овој семинар можат да се пријават 
најдоцна до 20.2.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан