Online Бизнис средби 04.03.2024 Покана за учество на Б2Б средби на тема:„ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА“, 8 - 9 март 2024 година, Солун, Грција - ЕЕН мрежа

саем TIF-HELEXPO во Солун, Грција



Во рамки на Enterprise Europe Network, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Федерацијата на индустрии на Грција (SBE) и TIF HELEXPO SA, ве покануваат да учествувате на Б2Б средби на тема поврзана со циркуларната економија, по повод втората саемска изложба Forward Green и конгресен настан (FG Expo) и 1st Renewable EnergyTech изложба (RESTech), што ќе се одржат на 8-9 март 2024 година, во салонот TIF-HELEXPO во Солун, Грција.

Овие Б2Б средби имаат за цел да придонесат за имплементација на нов претприемачки дух, заснован на циркуларна економија, зелен развој и трансформација на бизнис модели со цел да се зачуваат природните ресурси и да се придвижат кон одржлив развој. Овој нов пристап кон економијата се однесува на голем број процеси кои бараат планирање, а започнува со употреба на суровини и води сè до производство, дистрибуција, потрошувачка и рециклирање на потрошените производи, така што најмала количина на отпадот завршува во околината.

 

Билатералните средби ќе се одржат во вториот и третиот ден (8-9 март 2024) од 3-дневниот саем (7-9 март 2024). Покрај Б2Б средби, учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на различни специјални настани организирани паралелно со изложбите, фокусирани на зеленото претприемништво, иновациите и енергијата.

Ова е единствена можност за генерирање на нови деловни контакти и договори меѓу компаниите, истражувачките организации и другите релевантни институции од јавниот и приватниот сектор на голем број европски земји. Состаноците ќе се одржуваат на посебен простор и ќе се договорат однапред со помош на оваа веб-страница https://circular-renewableb2b.b2match.io/home.

 

Целни групи и сектори

Овие средби се фокусираат на циркуларната економија, зелениот развој, обновливите извори на енергија и трансформацијата на деловните модели, со цел да се зачуваат природните ресурси и да се придвижи кон одржлив развој, за следните сектори:

  • рециклирање
  • ефективно искористување на суровините
  • одржливи градежни материјали
  • технологии за циркуларна економија
  • одржливо пакување кое може да се рециклира
  • обновливи извори на енергија / зелена енергија
  • складирање на енергија/заштеда на енергија
  • водород и зелени гасови
  • паметни апликации за управување со енергија.

Целни учесници

Овој настан е наменет за сите компании, агенции, организации и владини претставници кои применуваат современи практики за искористување на суровини, градежни материјали, технологии, енергија, рециклирање и пакување кои преку иновативни решенија и паметни партнерства ќе имаат позитивно влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина и зголемување на одржливоста на производите и услугите, а истовремено создавајќи нови деловни можности.

Ве молиме, вашиот интерес за учество на Б2Б средби, да го најавите со регистрација на следниот линк: https://circular-renewableb2b.b2match.io/signup, најдоцна до 4 март 2024 година. Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан