Саем 08.04.2024 ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа

саем Hannover Messe, Германија



ПОКАНА за Денови на технологија и деловна соработка 2024 година

 Technology & Business Cooperation Days 2024

(xибриден настан), Хановер, Германија

https://technology-business-cooperation-days-2024.b2match.io/

09 – 11 април 2024 година (онлајн учество)

22-25 април 2024 година (физичко присуство)

 

Стопанската комора на Македонија во организација на Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), Ве покануваат да земете учество на денови на технологија и деловна соработка 2023 година, “Technology & Business Cooperation Days 2024.

Деновите на технологија и деловна соработка 2024 година повторно ќе се организираат како традиционален брокерски настан со лични состаноци на саемот Hannover Messe 2024 саемот, од 22– 25 април 2024 година, со (физичко присуство).

Онлајн-состаноците ќе бидат организирани две недели пред саемот од од 9 до 11 април 2024 година, со онлајн учество, во рамки на саемот.

На деновите на технологија и деловните средби, ќе присуствуваат компании од целиот свет, и учесниците ќе имаат можност да остварат директни деловни контакти со потенцијални партнери, добавувачи, подизведувачи и клиенти на четири главни теми, во делот на:

  1. Индустрија 4.0 и паметни производствени решенија
  2. Ресурси и енергетски ефикасни производствени технологии
  3. Одржлива енергија и мобилност
  4. Алатки за мерење на процесите

Зошто да учествувате:

  • Претходно договорени средби со избрани потенцијални партнери, презентација на проектни решенија, производи и вештини
  • Можност за иницирање на меѓународна соработка
  • Размена на искуства со компании од други земји
  • Состаноци и размена на мислења со стручни лица од индустријата
  • Воспоставување на технолошка и деловна соработка
  • Поддршка за проширување на меѓународна компанија
  • Пристап до знаење за нови технологии и решенија

Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со регистрација на следниот линк, најдоцна до 8.4.2024 година: Technology & Business Cooperation Days 2024 | Login (b2match.io), каде што ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.

Компаниите ќе имаат можност преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции, претходно сами да ги договорат билатерални состаноци со компании од нивен интерес.

 

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Кристина Кузеска
++ 389 2 3244019

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан