Семинар 20.12.2023 ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL

Онлајн семинар



Статистичките методи и модели спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. 
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме статистичките модели и методи, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки, особено да ја антиципираме иднината.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
-    Ја предвидуваат иднината (business forecasting);
-    Препознаваат ситуации во кои примената на статистичките методи
     може да помогне во процесот на одлучување; 
-    Да спроведуваат едноставна статистичка анализа во пракса користејќи MS Excel
    и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.
Содржина на обуката:
1.    Користење на вградени ексел функции за статистичка анализа на податоците:
COUNT, COUNTA, MAX, MIN, SUMPRODUCT, MEDIAN, AVERAGE, MODE, PERCENTILES, QUARTILES, RANK, LARGE, SMALL, VARIANCE, STDEV, COUNTIF, VLOOKUP, HLOOKUP Functions.
2.    Дескриптивна статистика во Excel
-    Вградена алатка Descriptive statistics;
-    Споредба на статистички низи;
-    Положба на резултати во низа (рангирање, центили).
3.    Корелациона анализа во Excel:
-    Коефициент на линеарна корелација;
-    Корелација на ранг;
-    Функција CORREL;
-    Вградена аналитичка алатка за корелациона анализа
    (автоматизирана изработка на матрици на корелација).
4.    Како да се предвиди однесувањето на појавите во иднина? - Регресиона анализа во MS Excel:
-    Едноставен модел на линеарна регресија- линеарна интерполација;
-    Регресионен модел на Excel графикони и ANOVA софтвер;
-    Пример на нелинерани модели кај деловното работење и маркетингот;
-    Едноставен пример за повеќестепена регресија со анализа на оправданост;
-    Постои ли навистина разлика помеѓу појава или не? Тестирање
     хипотеза на разлики кај аритметичките средини;
-    Т-тест;
-    ANOVA (анализа на варијанса);
-    F – тест;
-    Примери од работењето.
5.    Работа со сценарија:
-    Goal-Seek, Scenario manager и Data Tables.


На основа на “живи“ примери од бизнис секторот се објаснува примената на сите наведени Ексел функции.

Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 
За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 18.12.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан