Семинар 20.12.2023 ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 20 Декември 2023 година, организира еднодневна работилница на тема: „Означување на храната- Информации поврзани со храна“. На оваа онлајн работилница ќе се дискутира за означување на храната односно како треба да изгледа една правилна декларација со која се претствауваат инфрормациите за храната на потрошувачот. Ќе се разговара за задолжителните информации кои мора да ги содржи секоја декларија со која се означува храната, но и за дополнителните како и доброволните информации како и рекламирање, презентирање и претставување на храната на пазарот согласно Закон за безбедност на храна,  се со цел  обезбедување на висока заштита на потрошувачите, земајќи ги предвид разликите во перцепцијата на потрошувачите и нивните потреби да бидат информирани, а во исто време обезбедувајки непречено функционирање на внатрешниот пазар.

ПРОГРАМА
1.    ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНА 

-    Што е означување на храната(декларација);
-    Примена на законски акти;
-    Задолжителни информации на храната;
-    Дополнителни информации на храна;
-    Дополнителни информации за посебни видови храна;
-    Доброволни информации на храната.

2.  ДЕТАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

-    Име на храната;
-    Список на состојки;
-    Квантитативно означување;
-    Алергени;
-    Датум на производство;
-    Нето тежина;
-    Земја на потекло;
-    Царински закон;
-    Услови на чување;
-    Упатства за употреба;
-    Јачина на алкохол;
-    Нутритивна табела.

3. ОЗНАЧУВАЊЕ ПРИ ПРОДАЖБА НА ДАЛЕЧИНА.

4. ОЗНАЧУВАЊЕ НА ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА
-Задолжителни законски одредби.

5.  ДОБРОВОЛНИ ИНФОРМАЦИИ И НИВНА ПРИМЕНА.

6.  ИНФОРМАЦИИ НА ХРАНАТА ПРИ РЕКЛАМИРАЊЕ И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ХРАНА  ВО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЦЕЛИ.

Предавач: 
ТАЊА РИСТЕВСКА- дипл.земјоделски инжинер, стручен соработник при контрола на додатоци на исхрана и нивно презентирање, претставување и рекламирање за комерцијални цели.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
•    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 18.12.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан