Семинар 14.12.2023 ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ

Онлајн работилница



Стопанската комора на Северна Македонија, на 14 декември 2023 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Производи и материјали во контакт со храна, постапка за ставање во промет, како и измени во националното законодавство во однос на постапката за нивно одобрување и пуштање во промет“. 

На оваа онлајн работилницата ќе се појаснат термините производи и материјали во контакт со храна, видови на производи и материјали во контакт со храна, миграција и фактори за миграција, означување и добра производна пракса. 

Ќе се разговара за општи и посебни барања за различни видови материјали и производи што доаѓаат во контакт со храна, согласно Закон за безбедност на храна.

Работилницата посебен фокус ќе стави на информирање на слушателите за  новите измени на Законот за безбедност на храната, а ќе биде претставен новиот начин на одобрување на производите и материјалите во контакт со храна, како и документите потребни за одобрување на овој вид производи. 


ПРОГРАМА

1.ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
-    Што се производи и материјали во контакт со храна; 
-    Видови на производи и материјали во контакт со храна;
-    Миграција и фактори на миграција;
-    Европско и национално законодавство;
-    Постапка на одобрување (мислење од Агенција за храна и ветеринарство).

2.ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА:
-    Општи барања за производите и материјалите во контакт со храна;
-    Добра производна пракса;
-    Посебни барања;
-    Означување. 

3.ПОСЕБНИ ВИДОВИ МАТЕРИЈАЛИ И ПРОИЗВОДИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА: 
-    Пластични материјали и производи;
-    Керамички материјали и производи;
-    Активни и интелигентни материјали и производи;
-    Бисфенол А (BPA) во премази и облоги на производи и материјали во контакт со храна;
-    Придружна документација.

4.ПОСТАПКА НА ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА МАТЕРИЈАЛИ И ПРОИЗВОДИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА:
-    Законска регулатива;
-    Измени во националното законодавство;
-    Потребни документи за одобрување на производи и материјали во контакт со храна;
-    Законски рокови за нотификација, достава на документација и впишување во Регистар;
-    Регистар на производи и материјали во контакт со храна.

Предавачи: 
-СУЗАНА ПОПОВСКА- дипл. Биолог- биохемичар, стручен соработник при контрола на производи и материјали во контакт со храна и
-ТРПЧЕ ГРОЗДАНОСКИ, дипл. земјоделски инжинер, раководител.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
•    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 13.12.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан