10:00–11:20 часот
Модул 1 – Менаџмент во криза - предизвици, замки и правилна перцепција и можни решенија
- Запознавање со агендата и целите на концептот „Бизнис со цел“
- Актуелните предизвици на пазарот и како да се спротиставиме на промените и следната криза;
- Трансформација на менаџерот во кризен лидер и интегратор на се што се распаѓа;
- Креирање концепт за одржлив бизнис и стратегија за напредок во моменталната ситуација и околности;
- „11 смртни гревови на менаџерот“.
Предавач: Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert )
11:20-11:35 часот - Кафе пауза
11:35-13:00 часот
Модул 2 – Како ефикасно да се развива и насочува тимот на соработници во предизвикувачки времиња?
- Зашто старите модели за мотивација на вработени повеќе не функционираат?
- Како ефикасно да се работи на развојот на соработниците и да се лоцираат нивните стравови?
- Практични техники за успешно водство на вработените;
- Менаџерски замки и како да се избегнат („13 демонски менаџери“);
- Алати за формирање на продуктивни тимови во иднина и за понатамошно напредување.
Предавач: Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert )
13:00-13:30 - Пауза за ручек
13:30-14:30
Модул 3 - Бизнис со цел како генератор на позитивни промени
Предавач: Бранко Грегановиќ, ЦEO и ЦMO во НЛБ Банка АД Скопје
14:35-16:00
Модул 4 – Панел дискусија
- Машините се одлични, но во какава состојба ни се вработените?
- Како ефикасно да се привлечат, задржат и да им се зголеми продуктивноста на вработените?
- Зашто довербата помеѓу топ менаџментот и вработените е на најниско ниво?
- Како на вработените во тимот да им се пронајде дополнителна цел и причина да ја делат вашата визија и останат со вас во тимот?
- Дали нашиот бизнис модел може да ги издржи се поголемите очекувања за работните услови, бенифициите како и висината на заработувачката на нашите вработени?
Предавачи:
Драгиша Ристовски(D.R. Gilbert ) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазика и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителска до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.
Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar groupa во чиј контекст работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.
Бранко Грегановиќ е претседател на УО на НЛБ Банка Скопје. Има 30 годишно докажано искуство во банкарскиот и корпративниот сектор на словенскиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, имајќи високи позиции во Министерство за финасии на Р.Словенија и Централната банка на Р.Словенија.
Кон крајот на 90-тите Греганивиќ преминува во приватниот сектор. Долги години бил на клучни позиции во Societe Generale банка на Словенија, Hippo Alpe-Adria банка во Австрија, Droga Kolinska Group, но работел и како самостоен советник во областа на корпоративни финасии, спојувања, аквизација и финансиско реструктуирање.
Грегановиќ во 2014 година доаѓа на чело на NLB банка во Белград, каде 7 годни ја обавуваше функцијата председател на Управниот Одбор. Оттука во 2021 година продолжува во НЛБ Банка во Скопје и ја презема функцијата како председател на УО во јануари 2022 година. Грегановиќ дипломирал економија и има две магистерски дипломи, една за економија на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, а другата магистерска е за менаџмент на London Business School во Лондон, Велика Британија.
Панелисти :
Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Северна Македонија од 2005 година. Потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) со седиште во Трст, Италија од 2018 гoдина. Азески бил член на Одборот за суштинска трансформација на Комората од 2004 година, во однос на организацијата и на програмите кои ќе доведат до нова, јасна и доследна метода на работење, со цел да oди во прилог на компаниите-членки на Комората. Азески е главен извршен директор на Асоцијацијата за ГС1-стандарди – ГС1 Македонија од 2012 година, почесен конзул на Република Црна Гора во Република Северна Македонија, Член на Советодавниот одбор на Мрежата за деловен развој на Југоисточна Европа во Виена, член на Меѓународното советодавно тело при Економскиот факултет во Љубљана од 2018 г. и почесен претседател на фондацијата „Патиштата на маслиновото дрво каламата“, Грција.
Сашко Блажевски, извршен директор на Nelt Macedonia. Роден е на 8.04.1978 година во Скопје. Негово прво работно искуство е во АД Скопски Пазар на 22 години како продавач, а од 2004 до 2009 работи во NELT како комерцијалиста и супервизор во продажно одделение, каде се стекнува со искуство кое му ги отвара вратите за идните позиции. Следните 12 години работи како директор на продажба и член на УО на Прилепска Пивара.За да денес го достигне врвот на својата кариера како извршен директор во NELT ST, компанија која е синоним за дистрибуција и логистика со врвна услуга за локални, регионални и глобални брендови на 12 пазари. Покрај успешната кариера и успехот на професионалниот план, најголема гордост му е фамилијата. Тој е сопруг и родител на 2 ќерки. Во слободно време ужива во рекреативно возење на велосипед или кампува со своите најмили во природа, традиција која ја одржува повеќе од 14 години.
Маја Станкоска, CEO, Кроација Осигурување – Живот АД Скопје, дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а постдипломските студии ги завршува на Бизнис академијата Смилевски. Од 2009 година се вработува во Кроација Осигурување – Живот АД Скопје, каде по повеќегодишно работење во човечки ресурси, селекција, регрутација, едукација, менторство, развој и стратешко планирање, во 2019 година доаѓа на позиција генерален директор. Континуирано работи на доедукација преку посетување на многу обуки и курсеви.
Петар Денковски, CEO Veropulos ДООЕЛ Скопје од 2019 година.
Дипломиран економист и е дел од Veropulos од самиот почеток, односно од отварањето на првото Веро во Скопски Аердром во мај 1997 година. Кариерата во Веро ја започнува како финасиски специјалист, а после 1 година како унапредувач на пазар која функција ја извршува 5 години. Од 2003 до 2006 година беше менаџер на продажба/регионален менаџер, а од 2006 до 2010 беше на позиција комерцијален менаџер и менаџер на набавка. Пред позицијата генерален директор на Веро во Македонија, 10 години беше комерцијален директор во Веро, Србија. Во еднодеценискиот менаџмент, компанијата постигнува извонредни резултати, а во тој период Веро е три пати избран за врвен српски бренд од страна на малопродажниот сектор. Во 2020 година Петар Денковски ја добива наградата Менаџер на годината.
Денковски, освен во работата е успешен и во спортот. Тој е еден е од најдобрите кошаркарски судии кој веќе 20 години суди на сите FIBA натпревари, а сега е и во улога на FIBA-делегат, контрола и инструктор, што е голем успех во меѓународните кругови.
Контакт лице за пријавувањеод Стопанската комора на Северна Македонија:
Елизабета Андриевска-Ефтимова, mail: beti@mchamber.mk , тел: 070 239 637.
Котизација:
187€
- 1-2 учесници, 30% попуст, 130,9€ по лице;
- 3-4 учесника, 40% попуст, 112,2€ по лице;
- 5+ учесници, 45% попуст, 102,8€ по лице.
Каде се одржува конференцијата?
15.12.2023 хотел Александар Палас, Скопје од 10:00 – 16:00 часот.
Подржувач на конференцијата е : Стопанска комора на Северна Македонија
