Стопанската комора на Северна Македонија, на: 14.12.2023, 15.12.2023, 20.12.2023 и 22.12.2023, организира четвородневна обука на тема: „САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ“. Модулот Сајбер безбедност ги опфаќа главните вештини и знаења потребни за безбедно користење на ИКТ во секојдневните услови, дома и на работа.
За поединци и организации, важно е да ја разберат добрата практика во одржување на безбедна мрежна врска, безбедно користење на интернетот и управување со податоци и информации. Овој модул опфаќа концепти околу безбедни информации и податоци, физичка безбедност, приватност и кражба на идентитет.
Бидејќи податоците и информациите се вредни, имањето соодветно знаење, вештини и свест за нивно заштита е корисно во широк опсег на работни улоги. Модулот за сајбер безбедност им помага на работниците и работодавачите да ги заштитат овие клучни ресурси.
ПРОГРАМА:
1.Концепти за безбедност;
1.1 Разлика помеѓу податоци и информации;
1.2 Поим сајбер криминал и хакирање;
1.3 Препознавање на малициозни, случајни закани;
1.4 Закани од вонредни околности;
1.5 Закани од користење на cloud computing;
1.6 Основни карактеристики на безбедност на информации;
1.7 Разбирање на причини за заштита на лични информации;
1.8 Разбирање на причина за заштита на информации за работното место на компјутери и уреди;
1.9 Идентифицирање на за заеднички принципи за заштита на податоци/приватност;
1.10 Разбирање на поимите: субјекти на податоци и контролори на податоци;
1.11 Разбирање на принципите за заштита на податоци, пприватност, задржување и контрола ;
1.12 Разбирање на важноста од придржување кон упатставата и политиките за употреба на ИКТ ;
1.13 Лична безбедност;
1.14 Разбирање на поимот социјален инжинеринг;
1.15 Разбирањае на терминот идентитет и негови импликации;
1.16 Идентифицирање на методи на кражба на идентитетот;
1.17 Безбедност на датотеки;
1.18 Разбирање на предности и ограничувања на шифрирање;
1.19 Авторизација и автентификација;
2 Злонамерен софтвер;
2.1 Малициозен софтвер и негови карактеристики;
2.2 Методи на заштита;
2.3 Функционирање на антивирусен софтвер и негови ограничувања;
2.4 Разбирање на поимот карантин и ефект од ставање во карантин на заразни датотеки;
2.5 Напад на малициозен софтвер, начини на дијагностицирање и решавање преку онлине ресурси;
3 Мрежна безбедност;
3.1 Дефинирање на поимот мрежа;
3.2 Видови прежи;
3.3 Поврзување на мрежи и импликации од поврзувањето;
3.4 Разбирање на улогата на мрежен администратор;
3.5 Разбирање на улогата на заштитен зид и негово користење;
3.6 Wireless Security-Безжична безбедност;
3.7 Разбирање на кроситење на незаштитена безжична мрежа може да доведе до напади;
3.8 Личен хотспот;
4 Контрола на пристап;
4.1 Идентификација на мерки за спречување на неовласте пристап до податоци;
4.2 Еднократна лозинка и нејзина типична употреба;
4.3 Разбирање на целта на мрежна сметка;
4.4 Идентификација на вообичаените биометриски безбедносни техники ;
4.5 Управување со лозинки;
5 Безбедно користење на web;
5.1 Поставки на прелистувач;
5.2 Избор на соодветни поставки за овозможување автоматско пополнување на формулари;
5.3 Избор на соодветни поставки за оневозможување на пополнување формулари
5.4 Бришење на приватни податоци ор прелистувач;
5.5 Безбедно прелистувањеИдентифицирање на начини за да се потврди автентичност на веб локација;
5.6 Разбирање на терминот фармирање;
5.7 Разбирање на функцијата и видови софтвер за контрола на содржината;
6 Комуникации;
6.1 Електронска пошта;
6.2 Идентификација и карактеристики на фишинг;
6.3 Опасности од инфицирање на компјутер или уред со малициозен софтвер;
6.4 Редовно прегледување на поставките на сметката за социјално вмрежување;
6.5 VoIP и инстант пораки;
6.6 Разбирање на безбедноста на инстант пораки;
6.7 Разбирање на терминот дозвола за апликација (Application permissions);
6.8 Мобилни апликации и мобилни уреди;
7 Безбедно управување со податоци ;
7.1 Изработка на резервна копија на податоците;
7.2 Безбедно бришење и уништување;
Дискусија и практични примери.
Предавачи:
- Проф.д-р Маријан Стевановски, редовен професор на Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе и Битола и самостоен научен истражувач и
- Проф. м-р Кристина Стевановска Маневска, професор и експерт од областа на сајбер
безбедност.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• Инструкции за приклучување на „онлајн“-обуката;
• Е-Сертификат за учество на обуката
• Работни материјали во електронска верзија.
МОЖНОСТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ:
• Кандидатите по завршување на едукацијата и проверка на знаење можат да се стекнат со сертификат ICDL од Европска Унија кој е признаен како квалификација во над 155 држави во светот. Полагањето изнесува 50 евра во денарска противредност и вклучува индекс, тестирање и ICDL сертификат.
• Сите заинтересирани за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 12.12.2023.