Стопанската комора на Северна Македонија, на 24 ноември 2023 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Задолжителни и најзастапени документи кои ги издава работодавачот како дел од работните односи - Практични примери, состав и спроведување на решение за годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, одлука за суспензија, одлука за парична казна, спогодба за престанок на работниот однос, отказни решенија, други одлуки и потврди“.
На оваа онлајн работилница ќе се разгледаат практични примери на некои од најчестите документи кои работодавачите ги издаваат во регулирањето на работните односи. Преку ваквите примери ќе се објасни кои се задолжителните елементи на актите кои ќе се анализираат, на што да се внимава во поглед на формата на актите која е пропишана со закон и секако, како тие акти потоа да се врачат до работникот и како да се спроведат.
Во таа смисла, обработувајќи ја темата за годишните одмори, особено ќе се потенцираат специфичностите на изработка на решение за годишен одмор, како и потврда за искористен годишен одмор.
Во делот на дискусија за престанокот на работниот однос, ќе се анализираат правилата за состав на отказно решение, одлука за суспензија и одлука за парична казна.
Работилницата ќе биде интерактивна и ќе се одржи онлајн.
ПРОГРАМА:
I. ОДМОРИ И ПОДГОТОВКА НА АКТИ
· Дневен и неделен одмор;
· Годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право
за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор,
потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор);
· Правилник за годишен одмор.
II. НАЧИНИ НА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ДОГОВОРОТ ЗА
ВРАБОТУВАЊЕ – ПОДГОТОВКА НА СПОГОДБА
· Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време;
· Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот,
односно работодавачот (физичко лице) и поради поведување постапка
за престанок на работодавачот;
· Раскинување на договорот за вработување со спогодба.
· ДИСКУСИЈА
III. ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА
НА РАБОТНИКОТ И РАБОТОДАВАЧОТ – ПОДГОТОВКА НА ОТКАЗНО РЕШЕНИЕ
· Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
· Форма, содржина и врачување на отказ, основани и неосновани причини за отказ.
· Лични причини:
· Постапка пред и за време на откажување на договорот за вработување од
лични причини на страна на работникот, услови.
· Причини на вина:
· Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред
и дисциплина или работните обврски со и без отказен рок.
· ДИСКУСИЈА
IV. ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС – ПОДГОТОВКА НА ОДЛУКА
ЗА ПАРИЧНА КАЗНА И СУСПЕНЗИЈА
· Отстранување од работа од кај работодавачот до донесување на одлука
за отказ на договорот за вработување- Одлука за суспензија.
· Парична казна:
· Форма и донесувач на одлуката за откажување на договорот за вработување,
односно на одлуката за паричната казна.
· Отказни рокови: минимални отказни рокови, течење на отказен рок,
паричен надоместок наместо отказен рок, права и обврски на страните
за време на отказниот рок;
· Приговор против одлука за откажување на договорот за вработување
со и без отказен рок, застареност.
Предавач:
- Викторија Спасовска - Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават
најдоцна до 22.11.2023 година.