Семинар 24.11.2023 СОВЕТИ ЗА РАБОТА ВО EXCEL 2016 И ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ

Онлајн семинар



Во денешниот свет на промени владеењето на Excel е многу барана вештина за вработените - неговото познавање практично претставува стандард во деловниот свет.
Првиот дел од онлајн семинарот е наменет за сите кои го применуваат Excel во секојдневното работење и кои имаат потреба побрзо, подобро и поефикасно да го користат. Тој опфаќа корисни совети кои ќе овозможат кратење на времето за изработка на различни задачи, кратки и јасни содржини без премногу теорија и со конкретни примери од пракса кои ќе Ви овозможат лесно да го разберете градивото и да го примените стекнатото знаење. 
Следењето на промените се клучни за компаниите да останат конкурентни во денешното брзо растечко техничко опкружување. Вработените можат да ги подобрат своите вештини и значително да придонесат за успехот на компанијата во сè повеќе деловно опкружување управувано од податоци. 
Вториот дел од онлајн семинарот опфаќа вовед во работењето со апликации за вештачка интелигенција вклучувајќи ја и апликацијата „Чет-ГПТ“. Имено, вештачката интелигенција станува дел од секојдневниот живот, која се развива и ги менува нашите професионални и лични животи. Затоа е важно да се започне со едукација за основите на вештачката интелигенција како и за едноставна примена во канцелариското работење. Учесниците на онлајн семинарот ќе имаат прилика да видат како се пишува мотивациско писмо, пофалба/жалба за одредени услуги, деловно писма до клиентите и слично со помош на „Чет-ГПТ“. Исто така ќе научат како да направат презентација само со задавање на нејзиниот наслов како и ќе добијат насоки за користење на други апликации од областа на вештачката интелигенција.
Основен услов за следење на семинарот е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.
    

     Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
•    Совети за работа со табели (брзо форматирање, истовремено креирање табели во повеќе страници, едновремено внесување исти податоци во повеќе ќелии, брзо движење низ табелите, замрзнување редици/колони, групирање на податоци и слично);
•    Валидност на податоци;
•    Работа со формули и често користени функции;
•    Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
•    Пивот табели;
•    Вовед во вештачка интелигенција;
•    Практична примена на апликација за вештачка интелигенција (Чет-ГПТ)
•    Практична примена на други апликации за вештачка интелигенција Томо, Canva и сл.

    По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
•    Практично применува табеларни пресметки;
•    Групира податоци и работи со големи табели;
•    Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
•    Применува валидација на податоци;
•    Креира графикони во рамки на ќелија;
•    Користи пивот табели;
•    Етички користи апликации за вештачка интелигенција во работењето.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
-    Генерирање квалитетни работни вештини;
-    Олеснета деловна администрација;
-    Ефикасно користење на работното време
-    Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
-    Оптимизација во работењето со кори.стење на прави информации ;
-    Подобар увид во работењето.

Предавач: 
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 22 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
•    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 22.11.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.12.2023
ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 
Семинар, 06.12.2023
БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –
Семинар, 12.12.2023
МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: СТРАТЕГИИ И АЛАТКИ ЗА МЕРЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 12.12.2023
Практичен курс за MS EXCEL (ОСНОВНО НИВО) - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2023
Практичен курс - водич за успешна продажба преку социјалните мрежи INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
Тренинг обука, 14.12.2023
ЧЕТИРИДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 14.12.2023
ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
Конференција, 15.12.2023
Конференција и панел дискусија на тема: „Бизнис со цел“ - Како да ги водиш вработените во предизвикувачки времиња -Нови концепти на менаџмент-
Семинар, 20.12.2023
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА
Семинар, 20.12.2023
ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL
Семинар, 21.12.2023
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА
Семинар, 22.12.2023
ЕДЕН ДЕН- ДВЕ ВЕШТИНИ:EXCEL И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА