Постојат околу 2 милијарди корисници на Инстаграм во светот. 90% од нив следат барем една компанија на Инстаграм. Само поради ова, се плаќа за да се создаде профил за вашата компанија со апликацијата Instagram. Но, дали знаете дека можете да го преземете вашиот бизнис чекор сами и понатаму да почнете да продавате на Инстаграм?
На овој курс ќе научите како да креирате бизнис профил и да продавате на Инстаграм или преку Инстаграм користејќи други платформи.
Економските трендови во земјата и светот покажуваат дека социјалните мрежи како Инстаграм стануваат водечки платформи не само за дружење, туку и за добри бизнис потези, односно продажба на производи.
Всушност, повеќе од 25 милиони бизниси го користат Instagram за промовирање на нивните услуги, и ќе има сè повеќе од нив бидејќи Instagram е најбрзо растечката социјална мрежа.
Инстаграм е една од најдобрите 4 социјални мрежи со најголем број корисници.
За да го олесниме вашето патување во продажбата на Instagram, подетално го подготвивме овој курс, чекор по чекор како водич. Нашата цел е да одговориме на сите прашања кои би можеле да ги имате додека го започнувате процесот на продажба на Инстаграм, оттука Ве покануваме да земете учество на четиридневниот курс за INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА, кој ќе се одржи во декември (13, 14, 20 и 21 од 9:00 до 12:00 часот), во Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат.
ПРОГРАМА
INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
|
Модул 1 – ЗАПОЗНАВАЊЕ СО INSTAGRM ПЛАТФОРМАТА
13 декември 2023 - 09:00-12:00 часот
- Како функционира Instagram
- Приватен vs бизнис профил на Instagram
- Запознавање со основни термини и клучни сегменти на платформата
- Можности за креирање на содржина
- Основни фактори за успех на Instagram
- Анализа на пример видеа и фотографии со посебен осврт на Reels
|
Модул 2 – INSTAGRAM ВО МАРКЕТИНГ ЦЕЛИ
14 декември 2023 - 09:00-12:00 часот
- Advertising платформа на Instagram
- Трендови во рекламирањето – звучни ефекти, хаштагови, видови на видеа
- Анализа на поставеност и клучни елементи на успешни бизнис профили
- Стратегија за промовирање на Instagram: инфлуенсер маркетинг
- Стратегија за промовирање на Instagram: user generated content & giveaways
- Стратегија за промовирање на Instagram: Content маркетинг во насока на продажба
|
Модул 3 – ИЗРАБОТКА НА КАМПАЊА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА INSTAGRAM
20 декември 2023 - 09:00-12:00 часот
- Анализа на целна публика
- Осмислување на концепт за комуникација
- Изработка на план на содржина за 1 месец
- Изработка на фотографии и Reels
|
Модул 4 – АНАЛИЗА НА ИЗРАБОТЕНИ КАМПАЊИ
21 декември 2023 - 09:00-12:00 часот
- Презентација, анализа и фидбек за креирани решенија
|
Предавач:
Ива Ду
јак e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Партнер и креативен директор на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
Котизацијата за курсот по учесник изнесува изнесува 8.260 денари (7.000 ден. + 18% ДДВ).
Доколку се пријават повеќе од тројца учесници од иста компанија цената на котизација изнесува 7.080 денари (6.000 ден. + 18% ДДВ).
Котизацијата се плаќа по добиена про-фактура или фактура електронски на маил од страна на Стопанската комора на Северна Македонија.
По завршувањето на курсот, учесниците ќе добијат сертификат за успешно учество, како и материјал кој че ви биде предходно доставен на маил од одржаните предавањата.
Курсот ќе се реализира во Стопанската комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат од 09:00 до 12:00 часот на 13.12.2023, 14.12.2023, 20.12.2023 и 21.12.2023 година.
Групата е ограничена на максимум 20 учесници и пријавувањето е до 4.12.2023 година.
Пријавувањето за семинарот е со доставена пријава од Ваша страна на маил во Стопанската комора.