Семинар 05.09.2023 Еднодневен семинар на тема:  „ ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ – БЕЗБЕДНО НАПУШТАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО“

Сала 1 на 5-ти кат, Стопанска комора С.Македонија




Обуката e дизајнирана да одговори на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите при имплементација на одредбите од Законските и подзаконските акти кои ја покриваат областа на евакуација, поточно безбедно напуштање на работното место од страна на вработените во случај на поголеми хаварии (пожар, експлозии), елементарни непогоди (земјотрес, поплава) или друг вид на опасности и ризици кои би биле причина за загрозување или нарушување на здравјето и животот на вработените во работната средина. 
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на работните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од Законот за безбедност и здравје при работа и неговата тесна поврзаност со Законот за Заштита и спасување, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на рабтодавачот, на стручноте лица за безбедност при работа, а и обврските на самите вработени во дадени ситуации. 

Која е целта на семинарот:

Главната цел на семинарот е присутните да се запознаат со релевантните пристапи, т.е. начини кои се користат за управување и справување со ризиците и опасностите пред се по вработените, како и имотот и објектите со кои располага работодавачот.
Исто така и запознавање со чекорите на следење, одржување и имплементација на обврските кои произлегуваат во поглед на заштитата и спасувањето на вработените, имотот на работодавачот, кои после оваа обука ќе можат да ја применат на одреден проблем во нивната компанија. Тоа значи дека по завршување на семинарот учесниците ќе можат:

-  Да ги разберат барањата на самата законска и подзаконска регулатива;
- Да ги организираат и следат сите чекори на одржување во исправна состојба на опремата и работните и помошните простории;
- Да знаат каков вид на обуки се потребни за лицата кои ќе бидат директо инволвирани во целиот процес на организација и следење на процесот на безбедно напуштање на работното место 
- Да ја обезбедат и одржуваат во актуелна состојба, подготвеноста на сите лица инволирано во самиот процес на безбедно напуштање на работното место.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во работата да ја следат и одржуваат техничката опрема наменета за справување со хаварии и елементарни непогоди, исполнување на сите обврски, како во поглед на безбедноста и здравјето на вработените кои ги користат, така и во поглед на обврските кои им ги налагаат самита законски и подзаконски решенија кои ја покриваат областа.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
 

Начин на работа:


Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законските и подзаконските акти кои ја покриваат областа на евакуација, поточно безбедно напуштање на работнот место од страна на вработените во случај на поголеми хаварии (пожар, експлозии), елементарни непогоди (земјотрес, поплава) или друг вид на опасности и ризици кои би биле причина за загрозување или нарушување на здравјето и животот на вработените во работната средина..
 

ПРОГРАМА


- Законот за безбедност и здравје при работа; 
- Закон за заштита и спасување;
- Закон за заштита од пожари;
- Обврски кои произлегуваат од Законските и подзаконските акти кои ја покриваат областа ;
- Tехничка примена, одржување, контроли;
- Практичен пример.

Презентери: 

-    Рамадан Асани, раководител на Центарот за обука на  Дирекцијата за заштита и спасување;
-    Зоран Доревски, експерт од областа на евакуација, заштита и спасување и  
-    Практичар од компанија, Стручно лице за БР.


Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
    работен материјал доставен електронски; 
    ручeк и освежување; 
    сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 1.09.2023 година.
 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија