П О К А Н А
ДВОДНЕВНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА
„Инвестициски можности и WBIF грант процес, вмрежување и Б2Б средби меѓу македонските и чешките компании од сектор за енергетика, автомобилска индустрија, агрибизнис, винска индустрија и градежниот сектор”
21-22 септември 2023 година, Прага, Република Чешка
Почитувани,
Во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија (Invest North Macedonia) и во соработка и партнерство со Македонската трговска асоцијација во Република Чешка, CMAC – (Czech Macedonian Association of Commerce, се покануват компаниите да земат учество на дводневната бизнис конференција на тема „Инвестициски можности и WBIF грант процес, вмрежување и Б2Б средби меѓу македонските и чешките компании од сектор за енергетика, автомобилска индустрија, агрибизнис, винска индустрија и градежниот сектор”, која ќе се одржи на 21-22 септември во Прага, Република Чешка.
Целта е да се поттикне економската соработка меѓу двете земји и да се зголеми можноста за нови партнерства меѓу македонските и чешките компании.
ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ И ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД БИЗНИС - КОНФЕРЕНЦИЈАТА?
КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ АСПЕКТИ НА ДВОДНЕВНИОТ БИЗНИС НАСТАН?
- Експертски презентации: Еминентни говорници и експерти од Северна Македонија и Чешка ќе го претстават огромниот инвестициски потенцијал и компаративните предности на нашата земја во однос на другите земји во регионот со посебен акцент на секторите со значителни изгледи за раст и развој, споделување на заеднички искуства во процесот на привлекување на инвестиции и јакнење на економските односи меѓу двете земји.
- Б2Б вмрежување: Конференцијата ќе обезбеди многу можности за вмрежување, овозможувајќи им на учесниците да се сретнат и да комуницираат со потенцијални деловни партнери и инвеститори од конретната индустрија.
- Matchmaking сесии: Ќе се организираат однапред договорени Б2Б состаноци за олеснување на деловните интеракции врз основа на интересите и целите на претставниците на компаниите – учесници на конференцијата.
- Панел дискусии: Организацијата на панел дискусиите има за цел да поттикне дијалог за прекуграничните деловни предизвици, можности и начини за надминување на бариерите во билатералната трговија и инвестиции.
Цврсто веруваме дека оваа конференција ќе биде идеална платформа за Вашата компанија да пронајде нови патишта за развој на бизнисот и да ги зајакне врските со компаниите од Република Чешка и регионот.
Во прилог на маилот е официјалната покана за учество на бизнис конференцијата.
Ве молиме потврдете го Вашето присуство и учество што е можно поскоро за да ни овозможите доволно време да организираме состаноци приспособени на вашите потреби.
Сите Ваши посебни барања или прашања може да ги пратите на емаил до: fatime.koka@invest.gov.mk или на тел. бр. 070 406 465
Бидете дел од овој престижен настан и најдете го својот потенцијален бизнис партнер!