Семинар 29.09.2023 КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ ВО ЕXCEL 2016 И ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Онлајн семинар



Успешните компании одличното познавање на MS Excel го ставаат како еден од главните услови за вработување и професионално напредување. Затоа неговото познавање практично претставува стандард во деловниот свет.
Семинарот е наменет за сите кои го применуваат Excel во секојдневното работење и кои имаат потреба побрзо, подобро и поефикасно да го користат. Содржините се кратки и јасни, без премногу теорија и со конкретни примери од пракса кои ќе Ви овозможат лесно да го разберете градивото и да го примените стекнатото знаење. Семинарот вклучува и креирање на Dashboard (контролни табли) – визуелен приказ на податоци преку кој се олеснува разбирањето на сложените податоци. 
Семинарот опфаќа и вовед во работењето со апликации за вештачка интелигенција вклучувајќи ја и апликацијата „Чет-ГПТ“. Имено, вештачката интелигенција станува дел од секојдневниот живот, која се развива и ги менува нашите професионални и лични животи. Затоа е важно да се започне со едукација за основите на вештачката интелигенција како и за едноставна примена во канцелариското работење.
Основен услов за следење на семинарот е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.
    Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
•    Работа со табели;
•    Групирање на податоци;
•    Валидност на податоци;
•    Работа со формули и функции;
•    Замрзнување редици/колони;
•    Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
•    Пивот табели;
•    Креирање контролни табли (Dashboards);
•    Вовед во вештачка интелигенција;
•    Практична примена на апликација за вештачка интелигенција (Чет-ГПТ).

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
•    Практично применува табеларни пресметки;
•    Групира податоци и работи со големи табели;
•    Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
•    Применува валидација на податоци;
•    Креира графикони во рамки на ќелија;
•    Користи пивот табели;
•    Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
•    Користи контролни табли за креирање комплексни анализи;
•    Етички користи апликација за вештачка интелигенција во работењето.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
-    Генерирање квалитетни работни вештини;
-    Олеснета деловна администрација;
-    Ефикасно користење на работното време;
-    Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
-    Оптимизација во работењето со користење на прави информации;
-    Подобар увид во работењето.

Предавач: 
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 21 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн семинар;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Рок за пријавување:26.9.2023 година.
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија