ПОКАНА
Билатерални деловни средби „Green Days“
во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“
во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година
https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи од Лион, Франција, Ве поканува да земете учество на претстојните билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ што ќе се одржи во Лион Францја од 10-13 октомври 2023 година.
Саемот „Pollutec“ е најголемиот меѓународен саем за животна средина, еколошка и енергетска опрема, технологии и услуги, опфаќа 10 сектори од областа на животната средина, енергетиката и циркуларната економија: отпад, вода, енергија, инструментација - метрологија – анализа, управување со ризици, одржливи градови, биодиверзитет и др.
„Green Days“ е официјален деловен настан организиран во рамките на Саемот „Pollutec“, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи, а истиот е наменет за:
- мали и средни претпријатија;
- истражувачки центри;
- агенти;
- дистрибутери;
- финансиски друштва;
- изложувачи и посетители.
Сите компании, заинтересирани за учество на деловните средби, треба да се регистрираат на следниот линк: https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/.
Рокот за регистрација е најдоцна до 30 септември 2023 година, почнувајќи од 30 јуни 2023 година.
Учеството на настанот е бесплатно.
Откако ќе се регистрирате, ќе може да закажете деловни состаноци преку платформата за закажување и одржување на состаноци/видео конференции, со тоа што сами ги договорате билатералните состаноци со компании од Ваш интерес. Претходно договорените сесии се со времетраење од околу 20 минути, кадешто учесниците ќе можат да воспостават комуникација и да најдат нови деловни партнери.