Стопанската комора на Северна Македонија на 27 јуни 2023 година (вторник) организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ.
Цел на семинарот:
Целта на семинарот е запознавање на учесниците на семинарот со управувањето со процесот на набавка, учесниците во набавките - купувачите, добавувачите, интерната комуникација во организацијата - набавка - нарачател, комуникација со добавувачите, приоритети кај набавките, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, оценување на добавувачите - критериуми за оценување.
За кого е наменет семинарот?
За сите вработени кои се вклучени во управување со процесот на набавка - раководители на набавки, менаџери на набавки и останатите кои се занимаваат со логистичка работа во организацијата (набавки, магацинско работење, транспорт).
ПРОГРАМА
1. Поим и значење на процесот на набавки;
2. Цели и задачи на процесот на набавки;
3. Анализа на содржината на самиот процес на набавка во една организација - SWOT анализа во процесот на набавка;
4. Препознавање на релевантните заинтересирани страни во процесот на набавка - идентификација на заинтересираните страни и нивните очекувања, како и нивното влијание во процесот на набавки;
5. Ризици при набавките;
6. Организација на службите за набавка во организацијата - вработени во службите за набавка;
7. Работна политика на набавките;
8. Планирање на набавките:
- усогласување на критериумите за набака со нарачателите (производство, малопродажба, сервис) со акцент на дефинирање на критериумите за квалитет;
9. Методи и канали на набавка:
- преговарање во тек на набавката на производи и услуги;
10. Трошоци за набавките;
11. Евиденција на набавките;
12. Анализа на набавките.
Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.
Работен јазик: српски
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Линк за приклучување и упатства за приклучување на „онлајн“- семинарот преку платформата Webex Cisko;
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 22.6.2023 година.