Дигитализацијата е дел од секоја една успешна приказна во денешно време. Социјалните медиуми преку апликациите кои секојдневно ги употребуваме на нашите смарт телефони, се само дел од новата реалност во нашите животи. Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat, и уште многу други се само дел од нашето дигитално секојдневие.
Со пандемијата која „владееше„ со нашите животи, ние нарачуваме јадење, плаќаме сметки, нарачуваме облека па и усовршеноста на истите е до таа мера што и пуштаме апарати за домаќинство преку апликација.
Целта на овој семинар е да ги разработиме придобивките од примената на разни апликации кои се составен дел од нашите животи, употреба на алатки за нивн а примена но и најважното, придобивките за компаниите од „дигитализација“ на нивн иот продажен свет. Од друга страна пак многу е важно да ги идентификуваме и предностите на нивната употреба но и недостатоците со кои би се соочиле како компанија на пазарот.
Околу темите на самиот семинар, би било одлична можност доколку разговараме за:
- Креирање на успешна веб страна и нејзините содржини за време на пандемија;
- Дата менаџмент, што на кратко би значело архивирање на мислењето на купувачите пред
и за време на пандемијата;
- Инвестиции во дигитален маркетинг: Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat;
- Предизвици и недостатоци од примената на дигиталниот маркетинг за време на пандемија.
МОДУЛИ:
Модул 1:
Колку разновидна веб страна е рецептот за успешен пристап до потрошувачите?
- Содржина;
- Поп апс;
- Рубрики;
- Употреба на бои;
- Достапност за купување.
Модул 2:
Инвестиции во дигитален маркетинг: Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat:
- Искористување на маркетинг капацитетот на апликациите за зголемување на продажбата;
- Директни и странични начини на пристап до потрошувачите преку апликација;
- Колку многу е доволно да не се премине граница на доволно влијание врз
вниманието на потрожувачот.
Модул 3:
Предизвици и недостатоци од примената на дигиталниот маркетинг по пандемијата
- Предизвици за компанијата за дигитализирање на услугите;
- Успешност во новиот концепт за дигитално живеење;
- Индивидуален и групен пристап.
Целна група:
Водич на маркетинг томот во компаниите, службата на односи со јавноста и ИТ секторот во компанијата.
Предавач:
доц. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг и брендирање.
Заинтересираните за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 20.06.2023 година.