Семинар 20.06.2023 ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИИ И ИНВЕСТИЦИИ

Онлајн семинар



Целта на онлајн семинарот е запознавање и практична работа со вградените Ексел функции за финансии и нивна примена за анализа на вложувањата, кредитите и инвестиционите проекти. Покрај вградените функции, ќе се применуваат и формули со кои се анализираат финансиските текови.
На онлајн семинарот ќе се обработуваат најважните Ексел функции за луѓето кои работатат во финансискиот сектор. Тука се мисли на најважните функции од финансиската математика и алатките за планирање, евалуација и изработка на алтернативни сценарија за инвестирање во реални проекти.
Посебен осврт се става на алатките за проценка на временската вредност на парите (идна и сегашна вредност на единечни суми,  идна и сегашна вредност на ануитети, амортизација на заеми). Потоа ќе следи примената и калкулацијата на соодветни економски показатели: нето сегашна вредност на инвестициите, стапка на профитабилност, интерна стапка на рентабилност и период на враќање, дисконтиран готовински тек), со цел да се максимизираат ефектите и да се минимизира ризикот од вложувањата. На семинарот ќе се обработат и методите за оценка на ризикот како што е стандардна девијација, како и CAPM моделот за вреднување на инвестициите.
Во рамките на семинарот ќе се обработува студија на случај на планирање и вреднување на реална инвестиција од мал бизнис, со примена на критериумот на нето сегашната вредност (NPV – net present value) и интерната стапка на рентабилност (IRR- Internal Rate of Return).
Овој семинар обезбедува рамка за проценка на економската и финансиската ефикасност на инвестициите. Оваа рамка се состои од користење на напредни Ексел алатки – со кои може да се утврди оправданоста за реализација на проектот преку создавање на информациски систем за инвестициона анализа. 

АГЕНДА
-    EXEL ЗА TIME VALUE OF MONEY (FV, PV, PMT);
-    АМОРТИЗАЦИЈА НА ЗАЕМИ;
-    АЛАТКИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ (NPV, PI, IRR);
-    МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОЕКТИ
      (VARIANCE & STANDARD DEVIATION);
-    ИЗГОТВУВАЊЕ НА СОФТВЕР ВО EXEL ЗА ОЦЕНКА НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ;
-    ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ СО ПРИМЕНА НА NPV и IRR и СЦЕНАРИО АНАЛИЗА –
     ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР СО EXEL.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: 
Инвеститори, претприемачи, менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои учествуваат во инвестициони проекти, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 


За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн семинар;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн семинарот можат да се пријават најдоцна до 16.06.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА И ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ, ГОДИШЕН ОДМОР, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА, ДИЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ СО КОИ СЕ СОЧУВАМЕ СО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Семинар, 12.06.2024
„КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ, РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И СТРЕС МЕНАЏМЕНТ НА РАБОТНОТО МЕСТО“
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?