Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со „Joudy Group International„, Ве покануваат да земете учество на претстојната купувачка мисија и посета на 16. Меѓународен саем за преработка на храна и технологии во прехранбената индустрија- „FOTEG ISTANBUL 2023“.
Купувачката мисија е наменета за компании што се занимаваат со производство на:
- газирани и негазирани пијалоци;
- млеко и млечни производи;
- месни производи;
- конзервирана храна;
- мешунки, овошје и зеленчук,
како и комапнии кои се дел од:
- синџирите за снабдување;
- складирање и дистрибуција;
- пакување (печатње, етикетирање и др);
- автоматизација и контрола во прехранбениот сектор.
Во рамките на овие купувачки мисии планиранo е и остварување на билатерални средби со турски компании – извозници, на база на однапред договорени средби (matchmaking). Работен јазик е англиски.
Во купувачката мисија можат да учествуваат компании кои се заинтересирани за увоз и директна соработка со Туркије и кои претходно не учествувале во ваква мисија.
Стопанската комора на Северна Македонија на учесниците им обезбедува:
- бесплатно хотелско сместување- 2 ноќевања (6-8 јули) во хотел со 5* (Gorrion Hotel Istanbul)
- трансфер ( хотел - саем - хотел )
- влезници за саемската манифестација
Услови за регистрација:
- 1 претставник од компанија
- пополнет формулар за пријава доставен пред рокот за пријавуавање (15.6.2023)
- приложена копија од резервација на авионски билет како потврда за регистрација
За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да го пополнат пријавниот лист и формуларот, дадени во прилог и да ги достават до лицето за контакт најдоцна до 15.6.2023.
Во прилог:
- Пријавен лист;
- Формулар за пријава на учество.