Семинар 30.05.2023 ПЛАНИРАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ И КРЕИРАЊЕ НА “КЕШ БУЏЕТИ“ СО НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ

Онлајн настан



Екселот е  алатка за планирање и предвидување на идните готовински текови. Со него може да се изготви детален преглед на паричните текови и изготви таканаречен “Кеш Буџет“, кој може едноставно да се објасни како документ кој претставува листинг на антиципирани готовински приливи и одливи на компанијата за одреден период. Станува збор за еден од најкомплексните документи со многу меѓусебно поврзани делови и целини. 
Изработката и апдејтирањето на кеш буџетот за големите фирми не е алтернатива, туку базична потреба. За разлика од Планскиот Биланс на Успех, Кеш Буџетот опфаќа само актуелни парични текови. 
Целта на обуката е да се креира комплетен документ (софтвер) за идните готовински текови и Кеш Буџет, со трите дела (работна платформа, листинг на сите готовински приливи и одливи и калкулација на крајниот кеш баланс и детерминирање на потребата за позајмување на средства- задолжување). 
Овој семинар обезбедува рамка за разбирање на процесот на финансиската контрола и буџетирањето, со користење на напредни Ексел алатки – во функција на создавање на информациски систем за финансиско предвидување, планирање и контрола.  
Преку овој онлајн семинар ќе дознаете како да го изготвите Кеш Буџетот за детерминирање на планските претпоставки за финансиските планови и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.

ЦЕЛИ :
Слушателите на обуката да се стекнат со следните знаења и вештини:
-    Да ја знаат намената на кеш буџетот;
-    Да ги пресметуваат очекуваните готовински наплати и исплати за одреден месец;
-    Да го пресметаат крајниот кеш баланс и потребите за краткорочно задолжување на фирмата;
-    Да го користат Екселот за детерминирање на оптималниот тајминг за главните готовински расходи;
-    Да користат Сценарио Менаџер за евалуација на различните претпоставки на моделот;
-    Користење на алатки во Ексел за проверка и корекција на грешките во формулите.

ПРОГРАМА:
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА – ИЗРАБОТКА НА РАБОТНА ПЛАТФОРМА;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - НАПЛАТА, ИСПЛАТА;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - ПРЕСМЕТКА НА КРАЈНИОТ КЕШ БАЛАНС;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - УПОТРЕБА НА КЕШ БУЏЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ
     НА ТАЈМИНГОТ НА ГОЛЕМИ РАСХОДИ;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - СЦЕНАРИО МЕНАЏЕР;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - ПРЕСМЕТКА НА ТЕКОВНАТА ЗАДОЛЖЕНОСТ;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКИ ЗА РЕВИЗИЈА НА
     ФОРМУЛИТЕ ВО ЕКСЕЛ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ГРЕШКИ;
-    ПРАКТИЧНА РАБОТА - КАЛКУЛАЦИЈА НА ТЕКОВНОТО ИНВЕСТИРАЊЕ.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: 
Менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 


За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани учесници за овој онлајн  семинар можат да се пријават најдоцна до 26 мај 2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 15.06.2023
ЛИДЕРСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИВНИ ТИМОВИ
Семинар, 16.06.2023
ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОДУКТИВНИ И ЕФИКАСНИ СОСТАНОЦИ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ
Семинар, 20.06.2023
ПРЕДИЗВИЦИ И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ВОВЕДУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА, НЕЈЗИНО НОВО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ ПРЕКУ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗРО И НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ДО 30-ти ЈУНИ
Семинар, 20.06.2023
ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИИ И ИНВЕСТИЦИИ
Семинар, 22.06.2023
ПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕН БРЕНД НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: (FACEBOOK,VIBER, INSTAGRAM, TWITTER, SNAPCHAT)
Семинар, 23.06.2023
РАЗВОЈ И ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Семинар, 27.06.2023
EXCEL SALES’ DATA ANALYSIS-ДАТА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБА
Семинар, 27.06.2023
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Саем, 06.07.2023
Учество во купувачка мисија и посета на: 16. Меѓународен саем за преработка на храна и технологии во прехранбената индустрија „FOTEG ISTANBUL 2023“