П О К А Н А
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика
https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија
24-26 октомври 2023: “Physical” meetings on-site
during OMC - Med Energy Conference and Exhibition -
OMC fair, b2b area - Hall 2, RAVENNA (Italy)
Pala De André, viale Europa 1
30 октомври 2023: Virtual meetings (online) through the B2match platform
Стопанската комора на Северна Македонија во организација со Стопанската комора на Равена при Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), Ве покануваат да земете учество на деловните средби за енергетика, “Energy Business Meetings at OMC 2023”, кои ќе се одржат од 24 до 26 октомври 2023 година, со физичко присуство, и од 30 октомври 2023 година, онлајн учество, во Равена, Италија.
Деловните средби за енергетика се исто така подржани од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и Италијанската трговска агенција, ИТА.
Настанот за деловни средби и дружење, во своето 6-то издание, се одржува во рамките на OMC 2023 - Med Energy Conference and Exhibition, светски признат како клучен настан во секторот за нафта и гас, офшор индустријата и поврзаните услуги, што ја проширува својата перспектива на целата енергетска индустрија.
Договорените билатерални средби им нудат на изложувачите и посетителите единствена можност да најдат потенцијални партнери во секторите поврзани со енергетиката, со цел да се развие деловна или технолошка соработка.
ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ИНДУСТРИЈА: АКЦИЈА ЗА ТРАНЗИЦИЈА
Во последниве години, овој биенален настан започна да се приближува кон други форми на енергија, од обновливи извори, енергетска ефикасност, ниска јаглеродна економија до кружна економија со цел да се зголеми свеста за комплементарноста на сите извори на енергија.
Новиот ОМЦ, сега преименуван во OMC - Мед енергетска конференција и изложба, има за цел да го олесни сојузот меѓу традиционалните сектори за нафта и гас и одржлива енергија и тој е светски признат како водечка точка за состанување на енергетската индустрија.
Во текот на својата 30-годишна историја ОМЦ отсекогаш се прилагодуваше на променливите меѓународни сценарија и денес OMC Med Energy е врвен настан во медитеранската област за сите професионалци и здруженија од енергетскиот сектор и тоа:
- Обновливи извори и производство на енергија
- Оператори на нафта и гас / Истражување и производство
- Дупчење и завршувања
- Оф-шор платформи
- Процесна опрема / капацитети
- Вентили / Активатори / Пумпи / Цевководи
- Електрични производи и услуги
- Поморска опрема и услуги
- Автоматизација / Дигитализација / ИТ
- Здравје / Безбедност / Животна средина
- Транспорт / Логистика
Зошто да учествувате?
- За да воспоставите технолошка или деловна соработка
- За да ги презентирате вашите технологии/проектни идеи/услуги на билатералните средби
- За да запознаете потенцијални партнери за европски проекти за истражување и развој
- За да научите нови технологии и решенија
Сите заинтересирани учесници своето учество можат да го пријават со регистрација на следниот линк, најдоцна до 24.10.2023 година: https://omc2023.b2match.io/signup, каде што ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.
Учесниците ќе имаат можност преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции, претходно сами да ги договорат билатерални состаноци со компании од нивен интерес.