Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Ве поканува да бидете дел од претстојната регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“.
Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската размена помеѓу земјите од Западен Балкан и да се поттикне соработка во насока на создавање на Заеднички регионален пазар.
На настанот покрај претставници на бизнис заедницата на земјите од регионот предвидено е и присуство на претседателите на Коморите од ЗБ6, претставници на дипломатскиот кор и високи владини претставници.
Регионалната конференција на тема:
„Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“ ќе се одржи на 30 март 2023 година (четврток) во хотел „Александар Палас“, конгресна сала 4, со почеток од 11:00 часот.
Искористете ја можноста да остварите деловна средба со менаџментот на најуспешните компании од регионот на Западен Балкан.
Ве молиме Вашето присуство за Регионалната конференција да го потврдите најдоцна до 28.3.2023 година (вторник), на следниот контакт: м-р Ивана Анчев, проектен администратор, тел: 02/3244 051, e-адреса: ivana@mchamber.mk.