Стопанската комора на Северна Македонија, на 30 март 2023 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Популаризација на хибридни договори за вработување и анализа на специфични елементи на договорите за вработување: работење од далечина, практикантска работа, приправнички и волонтерски стаж, пробна работа, сезонска работа, работа во странство“.
Водејќи се од забележаниот зголемен интерес за излегување надвор од рамките на она што е вообичаен договор за вработување, а во насока на приспособување кон менливите околности, на оваа работилница ќе се дискутира за некои поспецифични верзии на постоечките договори за вработување.
Така, ќе се разговара за вршењето работа од далечина, кое во моментот е именувано како работа од дома, со сите специфики на институтот и начинот на негово правилно спроведување.
Потоа, ќе се разгледаат условите за спроведување практикантска работа, со особен фокус на гарантирање на заштитата нa правата на практикантот. Во таа смисла, ќе се анализираат и начините за спроведување волонтерски и приправнички стаж.
Следно, ќе се посочи можноста за спроведување пробна работа во склоп на постоечкиот договор за вработување, ќе се потенцира нејзиното времетраење, како и последиците од неуспешното завршување на пробната работа.
Во делот за сезонската работа, ќе се објаснат сите разлики во работниот однос кои се креираат во процесот на спроведување сезонска работа, како што се работното време и начините на престанок на работниот однос.
Крајно, ќе се дискутира и за вршењето работа во странство преку обработка на дополнителните задолжителни елементи на ваквиот тип на договор за вработување.
Работилницата ќе има интерактивен пристап со практични објаснувања и примери.
ПРОГРАМА
I. РАБОТЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА
- Законска регулатива:
· Закон за работни односи.
- Договор за вработување со вршење на работа дома:
· Поим;
· Дефинирање на место за работа различно од простории на работодавач;
· Потреба од склучување посебен договор за вработување;
· Права и обврски;
· Надоместоци за употреба на сопствени средства;
· Заштита и безбедност при работа.
- Инспекциски надзор:
· Известување на надлежниот инспекторат;
· Овластувања при вршење на инспекцискиот надзор;
· Предизвици при вршење на инспекцискиот надзор;
- Забрана на работа дома;
- Работи кои не смеат да се вршат дома;
- Исклучоци при вршење работа дома:
· Ограничување на работното време;
· Ноќна работа;
· Одмор;
· Дневен и неделен одмор.
II. ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
- Законска регулатива:
· Закон за работни односи;
· Закон за практикантство.
- Поим и битни елементи:
· Услови за вршење;
· Времетраење;
· Надоместок за практикантска работа;
· Права и обврски на практикант и работодавач;
· Договор и евиденција на практикантска работа.
III. ПРИПРАВНИЧКИ И ВОЛОНТЕРСКИ СТАЖ
· Вршење и траење на приправнички стаж;
· Изведување на приправнички стаж;
· Ограничување на отказ на приправник од работодавач;
· Услови за остварување волонтерски стаж.
IV. ПРОБНА РАБОТА
· Договорање пробна работа;
· Времетраење и надоместок;
· Отказен рок за време на пробна работа;
· Специфичности на пробна работа при вршење сезонска работа.
V. СЕЗОНСКА РАБОТА
· Услови за спроведување и специфичности.
VI. РАБОТА ВО СТРАНСТВО
· Испраќање на работник на работа во странство;
· Договор за вработување за вршење работи во странство со посебни, задолжителни одредби.
Предавач:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 27.03.2023 година.