Безбедносните предизвици, ризици и закани, извршени од човечки фактор, манифестирани преку атентати, закани со бомби, саботажи, диверзии, тероризам, вооружен конфликт, поединечни насилнички акти со човечки и материјални загуби, најновите хибридни закани, најави за подметнати бомби и сл., имаат директен импакт врз условите на живеење и работење.
Индустриите, економијата, бизнис сектрот, како носители на динамичниот сегмент на општеството, носители на функцинирањето и развојот на целокупното општество, се директно засенати од условите поврзани со безбедноста во државата.
Компаниите, нивниот опстанок и нивното непречено функционирање, зависат од условите во опкружувањето, а не ретко претставуваат и директен референтен објект на закана.
Справувањето, најчесто со директните закани кон компаниите, само по себе подразбира, односно бара од компаниите, одредено завидно ниво на организираност во постапувањето во вакви состојби со висок безбедносен ризик за компанијата, нејзините вработени, нејзините активности и целокупно функционирање.
Особено е клучно планското, организирано, стручно, професионално постапување на компанијата, со сопствените ресурси, во фазите пред директната реализација на заканата, додека таа сеуште претставува безбедносен предизвик или евентуално ризик за безбедноста на компанијата. Но, исто така, и во фазата по конкретно извршување на заканата, до организираното настапување на соодветните државни органи, а и понатаму , во останатиот тек на справувањето , во соработка со останатите надлежни институции.
Вложувањето во унапредување на капацитетите на компанијата за справување со безбедносни закани, никако не смее да се сфати како дополнителен спореден трошок на команијата, туку единствено како вложување во нејзината основна функција, бидејќи преку успешното, брзо, ефикасно и ефективно справување со заканите, ќе зависи и опстанокот, функционирањето, нејзината успешност и развојот на компанијата.
Совладувањето на одредени вештини и знаења, градењето на соодветна компаниска безбедносна култура, унапредувањето на свесноста за безбедност на секој вработен, организираното и планско постапување, координирањето на активностите со одговорните фактори и други соработници, обуки, вежби и размена на искуства, усвојување најдобри практики во безбедносната сфера од функционирањето на компанијата, претставуваат основните предуслови за успешно справување со безбедносните предизвици, ризици и закани.
ПРОГРАМА
I. Цели на Програмата:
-запознавање со предизвиците, ризиците и заканите по безбедноста на компаниите;
-подигнување на компаниската безбедносна култура и свесноста за безбедност на вработените;
-унапредување на знаењата и вештините за превенција и заштита од закани предизвикани од човечки фактор;
-подигнување на свесноста за потребата од планирање на активностите за справуање со заканите;
-зголемување на сознанијата за потребата од координирање на напорите во справување со заканите(интерно во компаиите, со општествените и државни институции органи).
II. Содржина на Програмата:
1. Безбедносни предизвици, ризици и закани (поим):
- Закани предизвикани од човечки фактор (диверзија, саботажа, тероризам,
хибридни закани);
- Опасни материи, средства и направи (експлозивни, запалливи, хемиски,
биолошки);
- основно познавање на експлозивни средства и направи (експлозивни материи,
направи, импровизирани експлозивни направи);
- Закани со бомби (анонимна најава за закана со бомба, пронајдено опасно
средство или направа, експлозија на бомба).
2. СПРАВУВАЊЕ СО ЗАКАНИТЕ НАСОЧЕНИ КОН ЛИЦА, ОБЈЕКТИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СОБИРИ И НАСТАНИ:
- нормативна дејност (законска регулатива, подзаконски акти);
- превентивно-заштитни мерки на компаниите;
- физички, технички и оперативни мерки;
- безбедносни проценки;
- проценки на ризик.
3. ЈАКНЕЊЕ НА „МЕКИТЕ ЦЕЛИ“:
- превентивно-заштитни мерки;
- компаниски План за постапување во состојби на висок безбедносен ризик или закана (елементи на планот, одговорни субјекти, средства за реализација, мерки и активности за реализација на Планот...).
4. КОМПАНИСКИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕГЛЕДИ НА ЛИЦА И ОБЈЕКТИ:
- откривање на присуство на сомнителни/опасни предмети или средства
и намалување/отстранување на опасноста;
- видови безбедносни регледи (редовни, вонредни, прегледи по најава);
- организација и подготовка на Прегледот;
- План за реализација на безбедносниот Преглед (фази, ресурси, задачи, средства...);
- постапка во случај на откриен сомнителен предмет/направа;
- документирање на Прегледот.
5. КООРДИНАЦИЈА НА МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ЗАКАНИТЕ ПО БЕЗБЕДНОСТА НА КОМПАНИИТЕ:
- субјекти во координативниот процес (компаниите, државните органи и агенции, општествени заинтересирани страни);
- области/форми на координација, соработка и помош;
- нормативна дејност;
- безбедносна култура/свесност за безбедност;
- јавно-приватно партнерство;
- конкретни безбедносни операции и поддршка;
- вежби и обуки.
Предавач:
Д-Р БОБАН БОШКОВСКИ, КОНСУЛТАНТ/ЕКСПЕРТ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 17.03.2023 година.