Стопанската комора на Северна Македонија на 20 март (понеделник) 2023 година организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: НОВИТЕ ПРАВИЛА НА МАРКЕТИНГОТ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: КАКО ДА ПРОДАВАТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ЗЕД. Интерактивниот семинар се фоксуира на запознавање со потребата од нов начин на комуникација прилагоден на потребите на генерациите кои допрва стануваат потрошувачи на брендовите, како и едукација за трендовите и техниките кои се релевантни за оваа целна публика. Претставниците на „Генерација Зед“ се сметаат за напредни корисници на технологија и „digital natives“ уште од најрана возраст, со што и нивните очекувања од комуникацијата на брендовите се на многу повисоко ниво од нивните претходници. Во еднодневниот семинар ќе биде опфатено детално запознавање со оваа публика, нивните навики, интереси и очекувања во комуникацијата со брендови, а потоа ќе бидат разработени предлози за пристап во комуникацијата со нив.
Која е целта на семинарот?
Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со навиките и начинот на консумирање на информации од страна на „Генерацијата Зед“, како и да ги подготви како комуникациски од аспект на концепти на кампањи, креатива и копирајт да ѝ пристапат на оваа публика.
На овој семинар ќе бидат дискутирани можностите за пристапување кон оваа целна публика, методи кои будат лојалност кај нив, како и примери на случаи од регионални и светски брендови кои успешно развиваат комуникација и ја конвертираат во потрошувачи оваа целна публика. Посетителите ќе имаат можност за практична работа базирана на споделеното теоретско знаење, како и ќе добијат директен фидбек од предавачот за сработените вежби.
За кого е наменет семинарот?
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг и PR секторите во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација. Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење.
Начин на работа:
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и практични вежби ќе се стекнат со нови вештини и алатки кои можат веднаш да ги применат во секојдневната работа.
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕЛ:
Запознавање со Генерација Зед:
o Познавање на технологија;
o Интереси, навики, разлики од стандардниот „милениал“ потрошувач;
o Начин на комуникација и критериуми за квалитет.
ВТОР ДЕЛ:
Зошто маркетингот кон Генерација Зед се разликува од сè што сте правеле досега?
o Како Генерација Зед комуницира со брендовите;
o Кои се разликите од стандардната комуникација и комуникацијата со Генерација Зед;
o Што Генерација Зед очекува од еден бренд;
o Како да избегнете да бидете „#cancelled“
Практична примена: оценување на примери на комуникација на локални брендови, изработка на објава со прецизно зададена цел.
ТРЕТ ДЕЛ:
Развој на комуникација за Генерација Зед:
• Совети за привлекување на внимание на Генерација Зед;
• Совети за задржување на внимание на Генерација Зед;
• Студии на случај – успешни примери од регионот и светот.
Практична примена: осмислување на пример кампања со Генерација Зед како целна публика.
- Прашања и коментари.
Предавач:
Ива Дујак e доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Партнер и креативен директор на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
За време на семинарот учесниците е потребно да бидат вклучени на лап топ или персонален компјутер за да можат да го следат истиот.
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 16.03.2023 година.