Ова обука може потполно да го смени начинот на кој го користите Ексел програмот и значително да ја подобри Вашата продуктивност. Power Query ќе ја забрза Вашата работа со Екселот најмалку за 50%!
Power Query е Ексел алатка која овозможува лесно импортирање на податоците, нивна трансформација и користење за анализи.
Power Query е исклучително моќна алатка и буквално внесува револуционарни промени во обработката на Вашите Ексел бази на податоци. Операциите кои претходно се базираа на комплексни формули и користење на макроа сега стануваат минато, со користење на Power Query.
На обуката ќе се анализираат најважните елементи на оваа програма и ќе се работи на практични примери.
Power Query е business intelligence tool (алатка за бизнис разузнување) во Ексел, која овозможува да користите податоци од различни извори, потоа да ги селектирате, прочистувате, трансформирате и обликувате како што Ви е потребно за Вашите анализи.
Зошто да користиме Power Query:
- Може да работи со бази на податоци со милиони редици без да се намалат перформансите на програмот;
- Не морате да ги чувате податоците во работната тетратка, тоа сега го прави
Power Query и може директно да се обработува со Пивот табелите;
- Тоа е моќна алатка за трансформација на податоците, а некои од можностите
за трансформирање на Power Query не се можни во Екселот;
- Вашите направени измени и трансформации лесно се апдејтираат и на нови податоци само со еден клик.
Тој е дел од софтверот Мајкрософт Ексел 2016 и понови, а е позициониран како add-in во Ексел 2010 и 2013 и лесно се инсталира.
Се препорачува учесниците на обуката да имаат инсталирано Ексел 2016, 2019 или најмалку Ексел 2010.
Содржина на обуката:
- Инсталирање на Power Query апликацијата ;
- Објаснување на Power Query Editor;
- Common Power Query Transformations;
- Editing an Existing Query;
- Import Multiple Files from a Folder;
- Connect to Data in Another Excel Workbook;
- Checking the Location of your Query's Source;
- Анализа на податоци;
- Создавање комплексни извештаи.
На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• Еxtract Data (Get Data);
• Transform Data (Remove Columns, Remove Rows, Blanks, Duplicate, Sort, Split Column,
Changing Case, Change Data Types);
• Load (to Table, PivotTable Report, Connection Only, To the Data Model);
• dicators (KPIs);
• Insert Pivot Charts;
• Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Целосен извештај за работење на компанијата
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 27.3.2023 година.