Стопанската комора на Северна Македонија како дел од Коморскиот инвестициски форум на ЗБ6, Ве поканува да земете учество на претстојниот, петти по ред интернационален саем за туризам “EXPO TOURISM 2023”, кој ќе се одржи во периодот од 6 до 8 април, 2023 година во меѓународниот изложбен центар EXPOCITY Albania- Тирана, Албанија.
Саемот се организира во рамки на „Неделата на туризмот во Албанија- 2023“, во организација на Министерството за туризам.
EXPO TOURISM претставува уникатна платформа за размена на нови идеи и искуства во туристичкиот сектор преку организирани работилници и форуми на различни теми кои се од особено значење за оваа гранка. Присутните ќе имаат можност да остварат директни билатерални средби со повеќе од 60 потенцијални партнери од регионот и пошироко. Целта на настанот е промоција на Албанија но и на целиот регионот како атрактивна туристичка дестинација.
За овогодинешното издание на саемот, организаторите нудат специјална цена од 70 евра/м2 (со вклучен ДДВ) за изложувачите кои се членки на стопанските комори, дел од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6 CIF).
Подетални информации за претстојниот саем можете да најдете во брошурата во прилог, како и на официјалната веб страна:https://www.expocity.al/en/event/expo-tourism-international-fair/