П О К А Н А
„виртуелни“ билатерални деловни средби
7 th „International B2B Software Days 2023 “
8- 10 мај 2023 година
https://2023.b2bsoftwaredays.com/
Виена, Австрија
Стопанската комора на С. Македонија, во соработка со Австриската агенција за промоција на истражувањата, Австриската стопанска комора, Advantage Austria-организација за унапредување на трговијата на Австриската федерална стопанска комора, Виенската деловна агенција и Виенскиот Универзитет за технологија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на виртуелни деловни средби „7th International B2B Software Days”.
На настанот предвидено е да учествуваат над 2000 учесници пред кои ќе бидат презентирани фасцинантни наоди од Software AG, KTM, Red Hat, TU Vienna, како и организирани работилници на следните теми: Metaverse, Feature development, IP Strategy, Security, визуелизација на податоци. Агендата за тематските работилници можете да ја погледнете на следниот линк: https://2023.b2bsoftwaredays.com/components/26499 .
Виртуелниот настан претставува одлична можност за презентирање на стартап идеите, промоција на деловни понуди и барања преку австрискиот пазар пред 50- интернационални инвеститрои, воспоставување на контакти со потенцијални партнери за соработка, како и давање на значаен придонес за корпоративните предизвици преку креативните лабаратории. Оваа година партнерска земја на тимот е Ирска.
Учеството на настанот е бесплатно. Работен јазик е англискиот. Регистрацијата е отворена до 8 мај 2023 година на следниот линк: https://2023.b2bsoftwaredays.com/signup .
Деталите во врска со регистрација и резервација на термини за Б2Б средбите, подготовка на деловен профил на компанијата и управување со деловните средби прочитајте на следниот линк: https://2023.b2bsoftwaredays.com/page-1291 .