Семинар 26.09.2023 Специјалистички еднодневен семинар: X ФАКТОР ВО ПРОДАЖБА - КОНЦЕПТ НА ОДРЖЛИВА ПРОДАЖБА -

Сала 4 на 5-ти кат, Стопанска комора С.Македонија



Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград, Р.Србија на барање на голем број на компании на 26 септември 2023 година организира еднодневен специјалистички семинар на тема: X ФАКТОР ВО ПРОДАЖБА - КОНЦЕПТ НА ОДРЖЛИВА ПРОДАЖБА- .


ПРОГРАМА 26 септември 2023 година, 10-16 часот


Модул 1  – Како да креирате продажен пристап со кој континуирано ќе продавате?

10:00-11:20 часот

  •  Представување на агендата и и целите на семинарот;
  •  7 клучни елементи за одржлива продажба;
  •  Нови перспективи во продажбата;
  •  Како да се креира ефикасен персонален простор за купувачите;
  •  Одржлива продажба ( пат од симпатизер до верен потрошвач на вашиот бренд).

11:20-11:30 Пауза

 Модул 2 – Како ефикасно да се управува со преговарачкиот процес?

11:30-13:00 часот

  •  Неопходни чекори со цел креирање на што повеќе симпатизири  - потенцијални купувачи;
  •  Алатки за ефикасен networking;
  •  Brend продавач како ефикасна метода за придобивање на потрошувачи/купувачи;
  •  Ефикасни техники за елиминирање на предрасудите кај купувачите и изнесување на аргументации.

13:00-13-30 Пауза за ручек

Модул 3 – Како да се креира извонредно купувачко/потрошувачко искуство?

13:30-14:50 часот

  •  Купувачот/потрошувачот во центарот на комуникација;
  •   Креирање на понуди, вредности и извонредни искуства;
  •  Победува услугата, а производот мора да биде функционален и корисен;
  •  Односот со купувачите/потрошувачите како мерка за вредност на проджбата.

14:50-15:00 Пауза за кафе

 Модул 4 – Како да го доведете купувачот/потрошувачот во фаза “верник“, кога и ќе стане ваш најголем потрошувач и промотер на вашите производи и вредности?

15:00-16:00 часот

  •  Како постојано да ја држите вратата отворена за продажба?
  •  Фазата “верник“ како највисоко ниво на поврзаност со купувачот;
  •  10 алатки за трансформација  на одржлива продажба;
  •  Што се сочинува Х ФАКТОР во продажбата?
  •  Евалуација на семинарот.

Тренер/предавач на Академијата за менаџерски вештини Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), со повеќе од 26-годишно практично работно искуство на различни позиции – од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 16 години, а денес е експерт за директна продажба, преговарање, мотивација на вработените и за лидерство. Автор е на 15 книги, меѓу кои бестселерите „Губат само оние кои не играат“ и „Арена за продажба“, објавени под псевдонимот D.R Gilbert. Подоцна следуваат книгите „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги унапредите своите преговарачки вештини“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“, „21 зошто и само едно како“, „Арена на продажба на 21 век“, „Добар говор вреди повеќе од 1000 зборови“, „Лидерски исчекор во иднината“ и „Еден повик менува сѐ“. Во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија постојано го задржува вниманието и ги мотивира слушателите.
Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Постојано работи на унапредување на продажбата во повеќе реномирани компании низ регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семинари, обуки и предавања во сите поранешни југословенски републики, на кои учествувале повеќе од 60.000 слушатели, и тоа од повеќе од 1.500 компании: Банка „Интеса“, „Хемофарм“, „Coca Cola“, „Hellenic“, „Ерсте банка“, „Бош“, „Триглав“, „Перутнина“ – Птуј, „Фиат“, „ДМ“ и  Дрогерија „Lilly“, „Галеника“, „Неопланта“, „Меркур“ и уште многу други банки, осигурителни и производствени компании, дистрибутивни центри и др.
Од 2011 година соработува и со Мокрогорската школа за менаџмент и држи обуки за продажни вештини. Активно е гостин на многу познати светски предавања и конференции.

Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат. 
Секој учесник добива работен материјал и сертификат за присуство од страна на  D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград, Р.Србија, како и за време на семинарот сендвич, кафе и освежување на паузите. 
Котизацијата за специјалистичкиот еднодневен семинар по учесник изнесува  изнесува 10.090 денари (8.550ден. + 18% ДДВ)
Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација изнесува 8.640 денари (7.320ден. + 18% ДДВ) и ако се  5 или повеќе учесници од иста компанија изнесува 7980 денари (6.690ден. + 18%ДДВ).
Котизацијата се плаќа по добиена про-фактура или фактура електронски на маил од страна на Стопанската комора на Северна Македонија. 
Пријавувањето за семинарот е со доставена пријава од Ваша страна на маил во Стопанската комора или во  D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград. 
Работен јазик и материјали: српски јазик.

 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Конференција, 25.09.2023
ВОДЕЊЕ БИЗНИС СО ЕУ – КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПОИНТЕНЗИВНА ТРГОВСКА СОРАБОТКА МЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПОЛСКА
Конференција, 25.09.2023
Конференција за одржливи енергетски вештини во градежништвото, SEEtheSkills проект „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“
Семинар, 26.09.2023
Специјалистички еднодневен семинар: X ФАКТОР ВО ПРОДАЖБА - КОНЦЕПТ НА ОДРЖЛИВА ПРОДАЖБА -
Семинар, 27.09.2023
ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧ, СПОГОДБЕНИ РАСКИНУВАЊА НА ДОГОВОРИ ЗА РАБОТА, ОТКАЗ ОД СТРАНА НА ВРАБОТЕН ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Семинар, 27.09.2023
БЕСПЛАТНО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИТЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕДЕН ОД НАЈЕФИКАСНИТЕ НАЧИНИ НА АЛТЕРНАТИВНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Семинар, 27.09.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Семинар, 28.09.2023
ЗАСНОВАЊЕ И ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, РАБОТА ОД ДОМА ВО КОМБИНАЦИЈА СО РАБОТА ОД ПРОСТОРИИ НА РАБОТОДАВАЧ, ПРАВИЛНА ПРЕСМЕТКА НА ДЕНОВИ ОД ГОДИШЕН ОДМОР, ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, РАБОТА НОЌЕ, ИНСПЕКСИЦСКИ НАДЗОР
Семинар, 28.09.2023
СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС И АНКСИОЗНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Семинар, 29.09.2023
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ ВО ЕXCEL 2016 И ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Семинар, 29.09.2023
ВРЕДНУВАЊЕ НА КОМПАНИИ СО DCF МОДЕЛ И НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија