СТАНДАРД ПОКРОВИТЕЛСТВО
25.08.2022
👁 Прочитано: 62646

   * Стандард покровителство

Стопанската комора на Македонија, во стратегијата за помош и поддршка на развојот на своите компании/членки, изврши проширување на асортиманот на своите услуги кои се креирани од стручни коморски експерти, слично како и во другите комори со доброволно членство во развиените западноевропски земји, отпочнувајќи со понудата на пакет на услуги кои веќе неколку години ги практикува како активност или едноставно препознатливи како Проектите:

ПОКРОВИТЕЛСТВА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Целта на овој проект е понуда на членките во пакет, на повеќе видови на услуги кои би ги користеле континуирано во подолг временски период и истовремено ставајќи им ја на располагање на коморските членки расположивата кадровска и техничка инфраструктура на Комората за развој и унапредување на нивниот бизнис.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија одејќи во чекор со светските економски промени 2014 година, изврши проширување како во квалитет така и во квантитет на услугите содржани во покровителството, со цел амортизирање на негативните влијанија врз бизнисот како последици наметнати од истите.

Сето тоа резултираше со влез на нови компании во семејството Покровители на Стопанската комора на Македонија кои го пронајдоа својот бизнис интерес како и вклучување во активностите на комората кои се насочени кон подобрување на бизнис климата во стопанството на Република Македонија .

БИДЕТЕ ЕДИНСТВЕНИ, ПРЕПОЗНАТЛИВИ, УНИКАТНИ И СЕКОГАШ ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ !!!



МАКПРОГРЕС
Производство на какао, чоколади и кондиторски производи

ОКТА
Производство на нафтени деривати, трговија со нафтени деривати

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
Банки

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Банки

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Банки

ДУНА
Веќе трета деценија ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот. Целосно сме фокусирани на тоа преку успешни проекти и корпоративни решенија да сме незаменлив дел во бизнис секторот, но и столб и поддршка на работењето на институциите. Истовремено преку бројни еколошки и филантропски акции посветени сме и на издигнување на глобалната свесност за општествена одговорност.

СЕАВУС


ЖАН МИТРЕВ
Специјалистичка болница за хируршки болест, кардиоваскуларна хирургија

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ДРУШТВО ЗА НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
неживотно осигурување

СКЕИЛ ФОКУС ДООЕЛ Скопје
-

КАРГО-ПАРТНЕР ЛОГИСТИКС ДООЕЛ
Cargo-partner е во приватна сопственост и како меѓународен провајдер за транспорт и инфо-логистика нуди сеопфатно портфолио на воздушен, поморски, камионски транспорт како и складирање. Со над една третина од вековната експертиза во информатичката технологија и оптимизацијата на ланецот на снабдување, компанијата дизајнира услуги по мерка за широк спектар на индустрии за да создаде конкурентни придобивки за своите клиенти низ целиот свет. Основан во 1983 година, cargo-partner оствари проценет промет од над една милијарда евра во 2020 година и моментално вработува 3.150 луѓе ширум светот.

Контакт лице: Валентина Цветковска
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување
Телефон: ++ 389 2 3244063
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: valentina@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015