Како резултат на повеќегодишни успешни активности во областа на имплементација на системи за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард ISO 9001, во рамките на Стопанската комора на Македонија во 2000 година е формиран Центар за унапредување на квалитет во производството и услугите.
Активностите отпочнаа како техничка помош од Владата на Велика Британија и Know How Fund, во соработка со Bywater plc. како консултантска куќа. Освен реализирање на Проектот насловен како „ Воведување ISO 9001 во македонското стопанство " во одреден број на фирми, друга бенефиција беше и обуката на консултанти и водечки проверувачи од Стопанската комора на Македонија.
Знаењето и стекнатото искуство на горенаведените експерти согласно британската методологија, овозможија успешно имплементирање на ISO 9001 стандардот во производството и услугите во изминатиот период.
Стопанската комора на Македонија, сакајќи целосно да ги комплетира активностите и со сертификација на системите за управување со квалитет, оствари контакти со реномираната сертификациона куќа BSI (British Standards Institution), која со своите експерти ја вршеше сертификацијата.
Со британските експерти активно беа вклучувани и домашните главни проверувачи, што се оцени како голема придобивка во стекнување на компетентност во таа област преку реализирање на одреден број обуки (теоретски и практични).
Центарот за квалитет не останa само на давање на горенаведените услуги.
Следејќи ги актуелните трендови насочени кон заштитата на животната средина, стандардот ISO 14001 или системот за управување со животната средина, е се позначаен и го претставува влијанието на организацијата или компанијата на и кон животната средина. Со помош на Центарот за квалитет, имплементацијата на ISO 14001 утврдува кој од работните процеси во компанијата ја загадува животната средина, ги одредува реалните цели и воведува неопходни мерки за остварување на истите.
Центарот за квалитет дава и консултации за воведување на HACCP-системи (системи за идентификација, евалуација и контрола на опасностите од значење за безбедноста на храната) применливи за прехранбената индустрија, а како сублимат на барањата од ISO 9001 и HACCP, помага во имплементација и на стандардот ISO 22000, кој укажува на