АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО МЕНАЏМЕНТОТ НА САСА
➢ Актуелно (02.09.2022, во 11:12:16)
👁 Прочитано: 1349




АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО МЕНАЏМЕНТОТ НА САСА Кликни за повеќе

Во просториите на Стопанската комора, претседателот Бранко Азески оствари средба со менаџментот на рудникот САСА, Македонска Каменица на која присуствуваа новиот генерален директор Крис Колбурн и директорот за одржливост Ивица Талевски, кој е и актуелен претседател на Македонската асоцијација на рударството (МАР).

Азески на средбата даде краток осврт на македонската економија, посочувајќи дека во моментот бизнисот се соочува со сериозни предизвици како резултат на глобалните кризи, а во фокусот на проблемите се цената на електричната енергија, обезбедувањето на квалификуван кадар и неизвесниот деловен амбиент за што влијаат повеќе фактори. Стопанството изминатите години се чинеше дека е меѓу последните точки на државната агенда, но токму кризите ќе покажат дека без стопанството, нема да може да функционира ниту државата. Верувам дека компаниите се жилави и ќе ги пребродат кризите, а Комората со својот проект „комора на иднината“ и децениското искуство е максимално посветена и работи да ги поддржи во тоа – истакна тој.

Азески дополни дека коморските активности во следниот период особено ќе бидат посветени на поддршка на извозно ориентираните компании, со оглед дека зголемувањето на извозот е единствена опција за развој на домашната економија која е мала и отворена. Рударството кое учествува со 3,5 % во извозот е значаен сегмент на индустријата и стопанска гранка која ужива долга традиција во нашата држава. САСА несомнено е еден од клучните играчи во рударството со оглед на резултатите кои ги остварува, но и на придонесот кој како општествено одговорна компанија го дава за развој на локалната самоуправа и регионот во кој делува.

Раководството на САСА информираше за новите инвестициски циклуси што ги планира компанијата и што треба да се реализираат во текот на следната година, а кои имаат за цел поголема заштита на животната средина преку намалување на јаловиштата и ре-употреба на отпадните материи, поголема безбедност при работа како и продолжување на животниот век на рудникот. Дополнитено, информираше и дека како резултат на кризите, САСА оваа година ги зголеми расходите за плати во однос на лани за околу 40 % со што се уште еднаш ја потврди грижата за вработените и одржување на нивниот животен стандард.
 

Служба за информирање при Комората