Во последниве години значително е подигната свеста за важноста на човечките ресурси, како и вклучувањено на бизнис заедницата во образованието, преку овозможување на практична настава на учениците од средното образование. Голем дел од реалниот сектор во Република Северна Македонија го препознаа овој факт и склучија меморандуми за соработка со средните училишта и на учениците им се овозможи практичниот дел од наставата да го реализираат во компаниите. Од друга страна на компаниите им се овозможи преку Стопанската комора на Северна Македонија да обучат стручно лице - ментор кој ќе ги води учениците низ целиот процес во компанијта и да се верифицираат како компанијата за изведување на практична настава.
Радува фактот, што покрај големите компании во овој процес се вклучлуваат и средни и мали компании. Една од нив е друштвото за Сметководствени, книговодствени и ревизорски работи и даночно советување ПРОФИКОНТО ДОО Куманово кое е основано во 2017 година.
ПРОФИКОНТО ДОО Куманово е компанија лиценцирана за вршење на сметководствени работи од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС).
Клиентите кои ги застапуваат се од различни сектори трговија, услужни дејности, градежништво, усостителство и други претежно од регионот на Куманово и Липково.
Во рамките на компанијата функционира и Центарот за Образование и обука за возрасни ПРОФИКОНТО ЕДУКАТИОН. Компанијата е верифицирана од страна на Центарот за образование на возрасни –Скопје, за посебnа програма СЛУЖБЕНИК ЗА СМЕТКОВОДТСТВО. Согласно новините на законската регулатива во процесот на практично обучување на ученици - дуалното образование, компанијата навремено го прифати овој предизвик и им овозможи на учениците од регионалните училишта на најдобар и ефикасен начин да се стекнат со знаења, вештини и добри практики во нивната компанија. За таа цел потпишаа и меморандум за соработка со Средното општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово, од каде постојано доаѓаат ученици на практична настава.
Дополнително, вработени од ПРОФИКОНТО ДОО Куманово ја завршија обуката за менторитање на ученици на практична обука кај работодавачи и поденесоа Пријава за упис во Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици за што тим од Стопанската комора на Северна Македонија на ден 27.07.2022 година, изврши увид во нивните просториите и констатираше дека истата ги исполнува условите да прими ученици на практична настава и стана е најмала компанија запишана во Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука во Репубилка Северна Македонија.