100 ГОДИНИ КОМОРА Писмо од Драгана Чифлиганец до претседателот на Комората Азески
➢ Актуелно (19.07.2022, во 09:53:06)
👁 Прочитано: 1450



Интегрален текст од писмото што официјално пристигна на адреса на Стопанската комора од потпретседателката, по повод одлуката на Собраните на СКСМ да ја усвои Декларацијата
Писмо од Драгана Чифлиганец до претседателот на Комората АзескиКликни за повеќе

Почитувани, г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Р.С. М, членови на Комората, колеги, партнери, бизнис лидери, пријатели,

Со огромно задоволство го гоздравувам усвојувањето на Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мері‹и. Ако нешто ни треба во овој момент, како што велите вие, на мултикризна ситуација, е токму тоа, општествен консензус на сите полиња, а особено на економски план.

Оваа Ваша идеја очекувам да има широка поддршка и од стопанствениците и од политичарите, од институциите, а ние да биде локомотивата која ке влече напред и ќе ги дава насоките. Токму и на овој историски јубилеј, на одбележувањето на 100     годишнината на Стопанската комора, кој е толку значаен момент и за нашата држава, треба да направиме исчекор, ставовите, идеите на илјадници членки и на илјадници водечки кадри кои ја создаваат најголема вредност во општеството да добијат најголема гласност.

Македонија конечно треба да обезбеди институционална, правна, пазарно ориентирана држава во која се почитуваат човековите права и слободи. Со овој потег, бизнисот покажкува дека е подготвен да даде и своја визија каде одиме, кои се нашите цели според потребата и очекувањата на нашите граѓани, во какво општетство сакаме да живееме.

Целосно ја поддржувам и од срце ја поздравувам одлуката средствата планирани за прославата по повод 100-годишнината да ги намениме за Фондот за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите во Комората, со што потврдуваме дека сме „Комора на иднината”.

Уште еднаш нека ни е чистит јубилејот, и како викаат првите 100 години се тешки, да се надеваме дека во наредниве 100 iie биде полесно.

Со почит,

Д-р Драгана Д. Чифлиганец

Служба за информирање при Комората