ВИКТОР МИЗО РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО
➢ Актуелно (11.07.2022, во 15:59:05)
👁 Прочитано: 2532




ВИКТОР МИЗО РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВОКликни за повеќе

Генералниот директор на КОСТАЛ Македонија, Виктор Мизо,  повторно ќе ја предводи Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство откако членовите му ја дадоа довербата за нов двогодишен мандат.

На онлајн седницата одржана на 11 јули 2022 година беа избрани и заменици претседатели и тоа: Боријан Борозанов од Џонсон Мети, Светслав Смилков од АРЦ Аутомотив и Ѓорѓи Тренкоски од Теламон.

Како и досега и во наредниот период, приоритет на новото раководство ќе биде Асоцијацијата да земе активно учество во процесите за унапредување на условите за водење на бизнис во земјата преку предлагање мерки и препораки за креирање на најдобри можни решенија кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој.

На состанокот беа презентирани реализираните активности во изминатиот период и беа разгледани клучните иницијативи и предлози на Асоцијацијата, коишто се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и атрактивноста на земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

Истовремено, на средбата се дискутираше за отворените прашања и актуелните проблеми во поглед на законската регулатива, како и за други значајни прашања коишто се од интерес на странските инвеститори, а кои ќе бидат предмет на разгледување на заедничка средба со преставници на Владата во наредниот период.

Влатко Стојановски
Соработник во организационата единица за развој, иновации и знаења