БИЗНИСМЕН И ЏЕНТЛМЕН
➢ Актуелно (07.06.2022, во 09:52:27)
👁 Прочитано: 2053




БИЗНИСМЕН И ЏЕНТЛМЕН Кликни за повеќе

Кога во 1983 година одекна веста дека на чело на „Тетекс“ од Тетово, на местото на легендарниот Стојан Ѓорчевски, кој 24 години раководеше со текстилниот комбинат, доаѓа директорот на „Енергетика“, Глигорие Гоговски, многумина ги вртеа главите во неверување, затоа што во социјализмот тоа не беше нормална ротација. По три години од директорувањето со овој значаен стопански капацитет, господинот Гоговски веќе беше во фотелјата на претседателот на Владата на Македонија, како прв бизнисмен во нејзината историја. Имаше само 43 години. Дојде тивко, а од политичката функција си отиде, исто така, тивко и во бизнисот одработи уште полни 31 години. Имав чест, како претседател на Младинската организација на Македонија и на Југославија, да соработувам со овој господин, кој со работа започнуваше во 6:30 ч. наутро и кој секогаш беше деловно облечен според најнова мода. Го паметам по неколку работи.