МОЖНОСТИ ЗА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ - ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ДОБАВУВАЧИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
👁 Прочитано: 665



Он-лине информативен настан

Стопанската комора на Северна Македонија како една од шесте стопански комори основачи на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на Западен Балкан (ЗБ6), Ве поканува да го следите информативниот настан кој има за цел да ги информира извозните компании од Северна Македонија за тековните активности на КИФ околу мапирање на добавувачите од регионот на Западен Балкан.

За таа цел на настанот ќе бидат презентирани активностите и услугите на стопанските комори на ЗБ6, и тоа двете дигитални платформи (Market access Database и Market Intelligence Database) кои на компаниите треба да им го олеснат наоѓањето на информации за пристап до некој од другите пазари од регионот, можностите за вмрежување со нови трговски и бизнис партнери, заедничко учество на промотивни настани. Воедно, настанот ќе биде искористен и за запознавање на компаниите со сите активности кои се планираат од страна на Коморскиот инвестициски форум до крајот на 2022 година, учества на саеми, Б2Б средби, технички поддршки итн.

Презентери на настанот ќе бидат г-ѓа Марија Ашковиќ Матиќ, проектен координатор на КИФ ЗБ6 и г-дин Дарко Лазаров, претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија.

Ве молиме за Вашиот интерес за следење на он-лине настанот, која ќе се оддржи на 24 февруари 2022 година (од 12:00 до 13:00 часот), да се пријавите кај лицето за контакт Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: ++ 389 2 3244051 најдоцна до 22.2.2022 година (вторник) по што ќе добиете линк за вклучување.

м-р Ивана Анчев
Асистент во организационата целина за претставување на членките и вмрежување