Една година СОЦДАД, потврда за Царинската управа и нивната посветеност на патот на дигитализацијата
➢ ПОРАКА ОД ... (25.06.2020)
👁 Прочитано: 5783



Една година СОЦДАД, потврда за Царинската управа и нивната посветеност на патот на дигитализацијата

Со трансферирањето од Системот за обработка на царински декларации АСИКУДА во новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД, Царинската Управа на РСМ уште еднаш ја потврди својата заложба дека со воведување на новини во своето работење и дигитализација на одредени системи, може да се постигне подобар квалитет и поголема ефикасност во спроведувањето на царинските формалности за корисниците на нејзините услуги. Колку функционалноста при воведување на нов систем и да е предизвик на самиот почеток, преку соработката со бизнис заедницата, позитивните резултати се неминовни. Конструктивната вклученост на претставниците од Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори – МИФА при Стопанската комора на Македонија со конкретни предлог решенија сигурно е од помош на Управата за поефикасна имплементација на овој систем, за корисниците да ги осетат придобивките од дигитализацијата.  На крајот целта е заедничка, со унапредување на брзината, ефикасноста, рационалноста и сигурноста во функционирањето на системот, ќе имаме намалување на трошоците а со тоа и зголемување на конкуретноста, како взаемен интерес и за деловните субјекти и за царинската служба.

Билјана Пеева-Ѓуриќ
в.д. Извршен директор на Стопанската комора на Македонија