ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИ ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СРЕДНО И ВИСОКО РИЗИЧНИ ЗЕМЈИ КАКО И ПРИ ВРАЌАЊЕ ВО РСМ
👁 Прочитано: 845




ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИ ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СРЕДНО И ВИСОКО РИЗИЧНИ ЗЕМЈИ КАКО И ПРИ ВРАЌАЊЕ ВО РСМКликни за повеќе

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

1 Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

2. Се забранува контакт со други лица.

3. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

- ракавици за еднократна употреба
- заштитни маски
- нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни очила и каљачи.

4. Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:
-да спијат во кабините на своите моторни возила.

5. За време на патувањето:

- После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е
дезинфекција на рацете
- Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 минути
(особено со лица со симптоми)
- Почесто проветрување на кабината за време на возењето
- При престојот во кабината нема потреба од носење на лична заштитна опрема
- Забрането е примање на слепи патници
- Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на
алкохол за време на патувањето.

При нивното враќање во Република Северна Македонија

1. Задолжителна комплетна дезинфекција на превозните средства од страна на овластена служба за ДДД.

2. При враќање во РСМ доколку пројават симптоматологија се јавуваат на својот матичен лекар.

3. За возачите по враќање во Северна Македонија важат препораките како за останатите патници кои доаѓаат од овие земји за задолжителна самоизолација во домашни услови или во објект определен од фирмата превозник.

4. Фирмата превозник е должна да го пријави во ДСЗИ и МВР местото каде ќе се спроведува самоизолацијата.

5. Доколку фирмата превозник нема определено објект за самоизолација, возачот ќе се смести во еден од објектите определени од државата за карантин, а трошоците се на товар на фирмата превозник.

Се задолжуваат Здруженијата на лиценцирани авто превозници да изготват свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Дозволата за движење на превозникот важи само со издаден патен налог кој е во прилог на дозволата.


Служба за инфдормирање на Владата на РСМ