ТЕ-ТО АД Скопје забележа рекордно производство на електрична енергија во летниот период
➢ Од компаниите (07.11.2019)
👁 Прочитано: 2598




ТЕ-ТО АД Скопје забележа рекордно производство на електрична енергија во летниот период Кликни за повеќе

Најголемата green-field инвестиција во државата и најголемиот енергетски објект основан со приватен капитал ТЕ-ТО АД Скопје, минатото лето забележа рекордни производствени резултати.

Имено во третиот квартал од тековната 2019 година се забележува раст од 186% на производството на електрична енергија на ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ во однос на истиот квартал минатата година. Со тоа уделот на ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ во вкупното производство на електрична енергија во Република Северна Македонија во третиот квартал порасна до 29%, што е скоро двојно зголемување на уделот кој во истиот период минатата година изнесувал 16%.

Како далеку најголем потрошувач на природен гас во државата кој учестува со околу 70% во вкупната потрошувачка, ТЕ-ТО АД Скопје е главен двигател на гасификацијата на Република Северна Македонија. Во рекордниот 3 квартал 2019 година, потрошувачката на природен гас порасна за 178% во однос на истиот период 2018 година.

Ваквите резултати од работењето на ТЕ-ТО АД Скопје во значителен дел ги определија високите стапки на растот на индустриското производство во државата во третиот квартал 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија стапките на раст на индустриското производство во јули, август и септември 2019 година во однос на соодветните месеци во 2018 година изнесуваат 5,8%, 9,8% 6,1% респективно. Овие високи стапки се должат на исклучително високиот раст во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде во трите разгледувани месеци од третиот квартал растот изнесувал 51,8%, 47,9% 32.2% респективно. Во овој сектор имено се одразија резултатите од работењето на ТЕ-ТО АД Скопје по однос на производството на електрична енергија и потрошувачката на природниот гас.