До вработените во Кабинетот и стручната служба на СКСМ
➢ Актуелно (15.04.2024, во 10:15:00)
👁 Прочитано: 1090




Пишува Бранко Азески, претседател на СКСМ
До вработените во Кабинетот и стручната служба на СКСМКликни за повеќе

1.    Конечно неделава да ја започнеме со добри вести. Од одделот на финансии на стручната служба сум информиран дека се готови резултатите за првото тримесечје за 2024 година. Вкупните приходи во однос на истиот период минатата година се зголемени за 1.836.854,00 денари или за 10,2%, а вкупните расходи се намалени за 2,7%. Финансискиот план за 2024 година во првиот квартал во делот на приходите е реализиран со 28,3%, а во делот на расходите е 27,5%.
Тековно се подмируваат обврските кон добавувачите и нема неплатени даночни обврски. 

2.    Овој период со објавувањето на книгата „Нов договор за економски развој“ со факти разбивме уште неколку „манипулации“ кои секојдневно „висат“ врз нашата ценета институција. Книгата дава одговор на клучното прашање, како ќе изгледаше Македонија ако се прифатеа само дел од нашите предлози во изминатите 20 години. Сигурно подобро.
 

3.    Денес ќе почнеме да разбиваме уште еден негативен пи-ар, а тоа е иднината на Комората. Иако кадровската политика е поставена на здрави основи, сепак неопходно е тоа да се промовира почесто. Ќе следуваат серијали на вработените од различна возраст што зборува за континуитет на институцијата. За почеток неколку фотографии што го потврдуваат тоа. Народски кажано „една слика илјада зборови“. 
 

4.    На крајот сакам да кажам дека ние продолжуваме, си ја гледаме работата и ги опслужуваме членките. Во меѓувреме се подготвуваме за продолжување на нашата активност и после изборите, кога конечно ќе се ефектуира тоа што го тврдиме од секогаш, дека сме сериозна, професионална и меѓународно призната институција.   
 

Служба за информирање при Комората