САЕМ НА КАРИЕРА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
➢ Актуелно (11.04.2024, во 14:19:00)
👁 Прочитано: 610




Вмрежување на студентите и работодавачите од ИКТ секторот од Пелагонискиот регион
САЕМ НА КАРИЕРА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИКликни за повеќе

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, на 11 април по вторпат се се одржа Саем на кариера CAREER EXPO 2024. Можноста за поврзување на студентите од ФИКТ со работодавачите од секторот информациски и комуникациски технологии, како и за промовирање на професијата ИТ инженер, една од најатрактивните на пазарот на труд беа основните цели на Саемот за кариера.    

На Саемот на кариера со свои штандови се претставија 24 компании од Битола и регионот, кои пред студентите на ФИКТ и ученици од средните училишта ја претставија својата дејност и понудија стипендии, практиканство и можности за вработување. Настанот беше поддржан и од Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања, во кој член номиниран од УКЛО е проф. Д-р Марина Блажековиќ Тошевски, како и од Регионалната комора со Седиште во Битола, кога ги обединува најголемите и најзначајните стопанственици од регионот.

На настанот свое обраќање имаше ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој големото присуство на бизнисот го поврза сo Битола и регионот, кои имаат развиена ИТ индустрија  и потреба од кадар, при што, Факултетот за информатички и комуникациски технологии се препознава како главен извор на квалитетени студенти и професионалци. 

Во рамки на Саемот за кариера беше одржана и панел дискусија на тема: „Подобрување на амбиенталните капацитети на ФИКТ“, додека истовремено ФИКТ е домаќин и на дводневен  хакатон на тема ,,Паметна околина и паметни алатки“. На хакатонот учество завземаа 12 тимови од студенти на ФИКТ и средношколци од Битола и Демир Хисар, кои на кајот на настанот ќе бидат презентирани, а најдобрите проекти ќе добијат и награда.

м-р Михајло Донев
Проектен менаџер во Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија