Анкета за перцепциите и гледиштата на компаниите од Западен Балкан околу декарбонизацијата, механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот и соработката со странски компании
👁 Прочитано: 448





Анкета за перцепциите и гледиштата на компаниите од Западен Балкан околу декарбонизацијата, механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот и соработката со странски компанииКликни за повеќе

Почитувани компании членки на Комората,

Во прилог Ви доставуваме линк https://surveys.wb6cif.eu/index.php/495523?lang=mk за анкета за ПЕРЦЕПЦИИТЕ И ГЛЕДИШТАТА НА КОМПАНИИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ОКОЛУ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА, МЕХАНИЗМОТ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЈАГЛЕРОДОТ И СОРАБОТКАТА СО СТРАНСКИ КОМПАНИИ.

Целта на анкетата е да ги процени перцепциите на компаниите од Западен Балкан околу декарбонизацијата, механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (CBAM) и соработката со странските компании. 

Анкетата е дел од втората последователна студија за „Блиска екстернализација (nearshoring) и декарбонизација на Западен Балкан“ којашто се спроведува од страна на стопанските комори на Западен Балкан, Унијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK) и Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw). 

Целта на студијата е да понуди препораки за како подобро да се справиме со предизвиците и можностите што потекнуваат од декарбонизацијата и од механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродните емисии. 

Анкетата се состои од не повеќе од 25 прашања и ќе Ви одземе не повеќе од 15 минути од времето. Сите прашања од анкетата се со понудени одговори и се задолжителни.

Вашите одговори ги очекуваме заклучно со 15 април (понеделник) 2024 година. Одговорите ќе се користат строго за целите на студијата и ќе бидат анонимни.

Со почит,

Стопанска комора на Северна Македонија
 

Служба за информирање при Комората