,, ОТВОРЕН БАЛКАН,, ЗАКАНА ЗА ОДЛИВ НА КАДАР
➢ Актуелно (06.03.2024, во 12:35:00)
👁 Прочитано: 288




Гостување во дневникот на МТВ, претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски
,, ОТВОРЕН БАЛКАН,, ЗАКАНА ЗА ОДЛИВ НА КАДАРКликни за повеќе

Регионалната иницијатива Отворен Балкан, која цели да ја олесни слободната циркулација на луѓето и капиталот помеѓу земјите во регионот, може да има значителено влијание врз одливот на градежниците работници во земјава особено квалификуван кадар. Ова може да биде опасност за македонските градежни компани, поради можноста за заминување на голем дел  од градежните работни за да работат во другите земји во регионот, каде што очигледно има поголем број на градежни проекти, но не и подобри плати. Сакам да кажам дека во наведените земји од регионот има отворен голем фронт за работа, со тоа нашите градежни  работници ќе имаат можност за поголема заработка не ограничувајќи се со неработни денови или вкупно часови за работа. На овој начин капацитетот на нашите градежни компании ќе се намали, ќе стагнира и одолговлекува веќе започнатата работа, на таков начин наплатта за сработеното се одвова тешко а сето тоа ќе придонесе и кон стагнација на растото на платите за работниците, накратко говореше Серафимовски. Целото интервју може да го погледнете на:  https://play.mrt.com.mk/play/571000

Служба за информирање при Комората