СТАГНАЦИЈА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР: НЕОПТИМАЛЕН СТАР ВО 2024 И ПОТРЕБА ЗА ПРОМЕНИ
➢ Актуелно (26.03.2024, во 10:14:00)
👁 Прочитано: 351




Интервју за Bloomber Adria, на претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите Андреа Серафимовски
СТАГНАЦИЈА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР: НЕОПТИМАЛЕН СТАР ВО 2024 И ПОТРЕБА ЗА ПРОМЕНИКликни за повеќе

Градежништвото има негативен почеток во 2024 година. Само 256 одобренија за градба беа издадени во јануари, што е за 34,4% помалку од истиот период во 2023 година. Вредноста на објектите за кои беа издадени одобренија е за 52 милиони евра помала во споредба со претходната година.
И покрај тоа, изградбата на станови останува главна активност во градежниот сектор, каде две третини од издадените одобренија во јануари се објекти од високоградба, додека само 18,8% се од нискоградба.
Неоптимизмот на градежниците е поради продолжувањето на нестабилноста и влијанието на инфлацијата врз економијата, со посебен фокус на зголемувањето и нестабилноста на цените на суровини, материјали и енергија.
Дополнителни предизвици вклучуваат недостаток на работна сила, со бројот на работници во секторот намален за 6.000 лица од 2018 година до сега.
Маргинализирањето на домашните компании во изградбата на државни проекти е главната причина за нивната тешка ситуација. За да се подобри ова, претседателот на Здружението за градежништво во Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски, предлага креирање на политики кои ќе ги поддржат домашните компании да станат носители на капитални проекти, што би ги зголемило нивните капацитети и конкурентност.
Градежниците велат дека е важно државата да внимава на "домашната компонента" при тендерските постапки, бидејќи моменталната ситуација не го дозволува ова поради специфичните услови поставени од странски кредитори, говори во интервјуто за Bloomber Adria Серафимовски.
 

Служба за информирање при Комората