ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА СЕ ПРОБИВА НИЗ БИЗНИСОТ – РАЗВИВАЊЕ НА КЛУЧНИ ИНДИКАТОРИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА СЕКТОРОТ ГРАДЕЖНИШТВО
➢ Актуелно (05.04.2024, во 12:49:00)
👁 Прочитано: 788





ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА СЕ ПРОБИВА НИЗ БИЗНИСОТ – РАЗВИВАЊЕ НА КЛУЧНИ ИНДИКАТОРИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА СЕКТОРОТ ГРАДЕЖНИШТВОКликни за повеќе

Дигитализацијата во градежништвото како клучен сегмент за унапредување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите полека, но сигурно започнува да продира трансформирајќи одредени деловни процеси во овој сектор кој по својата специфика се разликува од останатите сектори. Иницијативите на коморите од Словенија, Хрватска и Македеонија за поттикнување на дигитализација кај компаниите од секторот градежништво и градежни материјали беа основен поттик за реализација на активностите во рамки на проектот„Дигиталната трансформација се пробива кон бизнисите – развој на клучни индикатори за перформанси за зголемување на продуктивноста на секторот – DIG-IN-KPI“. Во рамки на овој проект, во изминатиот период беа развиени клучни индикатори за успешност кои систематизирани во дигитална алатка ќе понудат насоки и конкретни решенија за забрзување на дигиталната трансформација во компаниите како двигател за оперативна извонредност.

Претстојниот саем за градежништво „МЕГРА“ во Горна Радгона, кој ќе се одржи во периодот 17-19 април 2024 година, ќе биде едно од местата каде и официјално ќе биде промовирана дигиталната алатка DIG-IN-KPI AAT. Настанот на 18ти април ќе понуди можност да се демонстрира алатката на градежните компании од Северна Македонија, Словенија, Хрватска како и останатите земји од Балкан и ЕУ, промовирајќи ја нејзината употреба и дискусија за генерираните податоци. Присуството на меѓународни експерти ќе додаде вредност преку споделување на практично искуство и совети од Ирска и од локална градежна компанија, вклучително и добитник на наградата на Стопанската и индустриската комора на Словенија (за извонредни економски и претприемачки достигнувања). Настанот има за цел да ја забрза и овозможи успешна дигитална трансформација на градежната индустрија на Балканот, за што ќе придонесат и образовните институции и организацијата како олеснувачи на добрата практика и ко-креатори на можностите за развој, но најважно, секако, самите компании со сопствена стратегија за реализација на дигитална трансформација.    

Овој настан ќе биде од интерес за возрасни и понатамошни стручни едукатори кои работат во градежниот сектор кои сакаат да го ажурираат своето знаење со најновите дигитални алатки и практики. На настанот ќе биде претставена и алатката DIG-IN-KPI AAT, која го автоматизира процесот на проценка на дигиталната зрелост на градежните компании. Оваа алатка не само што претставува клучен чекор кон поголема дигитална интеграција во градежната индустрија, туку исто така им нуди на едукаторите уникатен вовед или увид во употребата на дигитални технологии и методологии кои се клучни за модерната градежна индустрија. По настанот, едукаторите ќе имаат подобро разбирање за тоа како дигиталните алатки и дигиталната зрелост на една компанија воопшто влијаат врз развојот на градежните проекти и оптимизацијата на деловните процеси. Тие ќе стекнат знаења за најновите дигитални трендови во градежништвото што можат да ги пренесат на своите студенти, со што ќе го подобрат квалитетот на образованието и ќе добијат увид во искуствата на две компании, една домашна и една странска, за тоа како се впуштиле во дигиталната процес на трансформација и како остатокот од секторот ќе мора да се прилагоди на светските модерни трендови. Настанот, исто така, ќе обезбеди можност за размена на мислења и искуства со меѓународни експерти, вклучително и претставници од напредната Ирска, каде што употребата на моделирање на информации за згради (BIM) стана задолжителна и ќе биде воведена во Словенија на почетокот на 2025 година. Ова ќе им овозможи на учесниците да да го прошират нивното разбирање за глобалните трендови во дигитализацијата на градежништвото и како да ги применат овие трендови во образовниот процес.

м-р Михајло Донев
Проектен менаџер во Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија