САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО - СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
➢ Актуелно (01.04.2024, во 09:47:00)
👁 Прочитано: 282




САЕМ ЗА  ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО - СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОРКликни за повеќе

На Техничкиот факултет при Универзитетот „Климент Охридски“ Битола, по втор пат, беше реализиран Саемот за вработување, практикантство и стипендии, кој претставува мост што ги поврзува компаниите од регионот со студентите - идни инженери, како потецијален стручен кадар.

Образованието и реалниот сектор мора заеднички да делуваат во насока на креирање кадар кој ке биде ефикасен, стручен, одговорен, мудар во носење одлуки и ќе може да се вклопи во работните процеси. Создавањето млади квалификувани кадри според потребите на стопанството се важни за раст на економијата,  а саемот беше одлична можност за директна врска меѓу студентите, средношколците и компаниите од реалниот сектор, науката и стопанството. На саемот учествуваа триесеттина компании од регионот кои имаа можност да ја презентираат својата дејност пред студентите и средношколците.

Саемот имаа можност да го посетат и учениците од  IV година на СОУ „Киро Спанџов Брко“ од Кавадарци за да ги видат можностите што ги нуди факултетот, како и лично да се запознаат со дејноста и работните процеси на компаниите, како нивни потецијални работодавачи. Ова стручно училиште беше едно од првите училишта кои ја препознаа придобивката од дуалниот модел на образование кое е посебно и значајно од два аспекта: учениците добиваат можност преку секојдневни работни задачи во компанијата да стекнат практично искуство и работна навика и процес на запознавање на работната средина и самата компанија, односно нејзината организациска структура, што придонесува за професионално изградување и карактерно оформување на учениците за побрзо и полесно да се интегрираат во самата организација на компанијата.

 

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората